Зошто сме уморни по јадење и што ќе се случи ако си легнеме веднаш потоа?
Понекогаш, по уживање во голем оброк, сакаме да „одмориме“ и да легнеме, но дали тоа е добра идеја? Најверојатно не. Но, зошто? Што се случува со телото?
Лежењето и спиењето по јадење може да резултира со неколку последици.
На пример, кога ќе легнете после јадење, постои можност храната која штотуку ја внесовте да се врати наназад низ хранопроводот и да предизвика киселини во желудникот и грлото.
Но, зошто (скоро) секогаш сакаме да легнеме по јадење?
Постојат неколку фактори кои можат да предизвикаат да се чувствувате уморни после јадење.
Што јадете: Храната богата со протеини и јаглехидрати има тенденција да ве натера да се чувствувате уморни после јадење.
Тогаш телото го засилува производството на серотонин, а за возврат може да направи да се чувствувате поспани и немотивирани.
Дополнително, храната која содржи триптофан, како спанаќ, јајца, сирење и млеко, исто така може да предизвика да се чувствувате уморно или мрзеливо.
Тоа не значи да не ја јадете, туку да бидете умерени.
Колку јадете: Кога јадете, шеќерот во крвта ви се зголемува и како резултат на тоа, нивото на енергија може да почне да се намалува, особено по обилните оброци.
Ако некогаш сте уживале во голем ручек и сте почувствувале дека нивото на продуктивност ви паднало набргу потоа, тоа делумно може да се должи на големината на вашиот оброк.
Колку долго би требало да чекате да легнете по јадење?
Обично се препорачува да се почека околу два-три часа по јадење пред да легнете. Истото важи и ако само планирате да дремнете.
Сепак, за да го минимизирате чувството на поспаност што го добивате после јадење, применете ги овие кратки совети:
- Јадете помали оброци во текот на денот
- Одете на прошетка по јадење за да му овозможите на вашето тело побрзо да ја свари храната (не тешка физичка активност)
- Избегнувајте пиење алкохол со оброците
- Не консумирајте никаква храна 2-3 часа пред спиење, а со тоа ќе го подобрите и сонот
M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com