Кои се омилените методи за детоксикација на организмот на познатите дами?

Гвинет Палтроу го прочистува организмот со консумирање многу овошје и зеленчук, додека Џенифер Анистон ужива во смути направено од свеж зеленчук – кои се детокс методите на познатите дами?

kakvi-detoks-metodi-preporacuvaat-poznatite-zvezdi-01.jpg

„Чистењето“ на организмот, попознато како детоксикација или детокс, е популарен тренд кој се користи насекаде. Служи за исфрлање на штетните материи и токсини кои се таложат во телото секојдневно.

Можете да најдете изобилство на совети за детокс, особено од познатите дами кои редовно го користат овој метод за одржување на линијата, но и на здравјето. 

Како да препознаете потреба од детоксикација и како да се припремите?

Доколку вашиот имунитет е разнишан, имате намалена концентација и енергија, нередовна столица и непријатен здив, најверојатно е време да го прочистите организмот.

Овие методи бараат да сте подготвени и физички и психички, особено доколку сте љубител на кофеин, по некоја чашка алкохол и цигари кои овој период се строго забранети.

kakvi-detoks-metodi-preporacuvaat-poznatite-zvezdi-01.jpg

Омилените детокс методи на познатите дами:

Гвинет Палтроу

Гвинет Палтроу, секогаш позната по нејзината виталност и младешкиот лик, има креирано свој веб-сајт на кој секојдневно споделува совети за здрава исхрана.

Таа советува брзо чистење на организмот од 3 до 5 дена, преку внес на зеленчук и овошје во изобилие и намален внес на шеќер. Многу вода, чаеви и јатки.

Актерката препорачува и сауна за дополнителен придонес во борбата со токсините и зголемување на нивото на енергија.

kakvi-detoks-metodi-preporacuvaat-poznatite-zvezdi-02.jpg

Џенифер Анистон

Нема некој што не се запрашал која е тајната за младешкиот изглед на Џенифер Анистон.

Актерката, пак, вели дека нејзината тајна е детокс со смути.

Комбинирањето свежи зеленчуци, како цвекло, спанаќ, лук, ѓумбир, моркови, целер и кељ кои имаат неверојатни придобивки за телото, спречува подуеност, како и задржување на водата во телото.

kakvi-detoks-metodi-preporacuvaat-poznatite-zvezdi-03.jpg

Салма Хајек

Оваа убавица препорачува детокс во траење од 72 часа и изобилство од цедени сокови кои прават чуда за метаболизмот, како и замена на млечните производи со растителни млека како и кокосова вода.

По овие три дена, организмот ќе ви биде благодарен.

Потоа, можете неколку денови да консумирате претежно сирова храна за да подолготрајни резултати.

kakvi-detoks-metodi-preporacuvaat-poznatite-zvezdi-04_630x330.jpg

Бијонсе

Бијонсе го следи методото познат како Master Cleanse - пиење сок од лимон како начин за детоксикација на телото.

Потребно е да пиете 6-12 чаши вода измешана со сок од лимон, јаворов сируп и пипер, во период 10 дена или подолго (во зависност од физичката состојба).

Препорачливо е да користите сауни и парни бањи за најлесно исфрлање на токсините преку потта.

Сепак, бидејќи овој метод вклучува и консумирање минимално колчество храна, експертите воопшто не го препорачуваат.

kakvi-detoks-metodi-preporacuvaat-poznatite-zvezdi-05.jpg

Практикувајте ги методите за детоксикација барем 2 пати годишно, еднаш напролет и еднаш пред да започнат студените денови.

Пијте многу вода и природни чаеви. Свежата храна, како овошје и зелечнук, нека биде вашето главно мени, а денот започнувајте го со цеден лимон со вода. Оброците нека бидат почести, а помали.

Секако, предлог од сите нутриционисти и стручни лица е оваа метода да не се практикува подолго од 7 дена. Истовремено, задолжително консултирајте се со експерт ако сакате да пробате некој поригорозен метод.

М.У.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg