10 „зимски“ митови во кои е редно да престанете да верувате

Во зима на телото му недостасува витамин Д

Витаминот Д најмногу се апсорбира од сончевите зраци. Во зима ова може да биде потешко бидејќи сме изложени на помалку сончева светлина.

Но, тоа не е причина да одите во аптека и да купувате додатоци во исхраната по секоја цена.

Најчесто доволно е да внесувате повеќе храна богата со витамин Д, како путер, риба, жолчки од јајца и слично. Доколку сепак сте загрижени, консултирајте се со вашиот лекар пред да земате додатоци.

10-zimski-mitovi-vo-koi-e-redno-da-prestanete-da-veruvate-06.jpg

Недостатокот од светлина предизвикува депресија

Недостатокот од светлина и топлина можеби има индиректно влијание врз депресијата, но ова не е целосно потврдено од науката.

Депресијата настанува поради трауматични животни настани, или од внатрешни фактори кои сè уште не се добро разбрани. Ова е болест што може да се појави во секој период од годината.

Сепак, во зима можно е да бидете полошо расположени поради намаленото лачење на серотонин, но не значи дека сигурно ќе западнете во зимска депресија. Живејте го животот!

Не треба да џогирате во зима

Ако ги следите правилните техники за дишење – вдишување низ нос, а издишување низ уста, џогирањето во зима не би требало да претставува проблем.

Покрај тоа, колку е постудено, толку поинтензивно ќе трчате, а со тоа ќе согорите и повеќе калории.

Сепак, важно е да обрнете внимание на облеката што ќе ја носите додека вежбате надвор и секако да трчате кога воздухот е почист. 

10-zimski-mitovi-vo-koi-e-redno-da-prestanete-da-veruvate-07.jpg

Не треба да купувате овошје и зеленчук на кои не им е сезона

Овошјето и зеленчукот кои се одгледуваат во стакленици се одлични за во зима. Можеби вкусот нема да им биде добар како во лето, но тоа не значи дека треба да ги избегнувате по секоја цена, ако сметате дека ви се потребни.

Покрај тоа, со овошјето и зеленчукот ќе внесете многу хранливи материи што ќе му годат на организмот во студениот период.

10-zimski-mitovi-vo-koi-e-redno-da-prestanete-da-veruvate-08.jpg

Пред долга прошетка треба да испиете топол пијалак

Кога пиете топли пијалаци, крвните садови се прошируваат. Па ако излезете веднаш потоа, телото побрзо ќе ја изгуби топлината.

Затоа, пред да излегувате во зима, не пијте чај или врел пијалак, туку изедете нешто хранливо и со повеќе калории.

10-zimski-mitovi-vo-koi-e-redno-da-prestanete-da-veruvate-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg