Храна што ќе ви помогне во борбата против Алцхајмер и храна што треба да ја избегнувате
Постојат многу работи што го одржуваат здравјето на мозокот, а начинот на исхрана е една од најважните.
Со правилна исхрана можете значително да го намалите ризикот од деменција и Алцхајмер, а едно истражување покажало дека одреден начин на исхрана, познат како MIND, може многу да помогне во ова.
Во продолжение погледнете кои се прехранбените продукти што ќе ви помогнат да го одржите здравјето на мозокот, но и храна што би требало да ја избегнувате.
Храна добра за мозокот
Бобинки
Бобинките се богати со флавоноиди, кои пак се одлична состојка за мозокот.
За време на 20-годишно истражување во кое учествувале илјадници луѓе, се покажало дека оние кои најмногу јаделе бобинки имале најмало влошување на менталната состојба.
Па, додајте боровинки, јагоди и слично овошје во вашето мени.
Зелен зеленчук
Зеленчукот е одличен за целокупното здравје, а е доба храна и за мозокот.
Зелениот лиснат зеленчук, како спанаќ и марула, се покажало дека го забавува стареењето на мозокот.
Јаткасти плодови
Наместо да јадете нездрави грицки, обидете се да консумирате јаткасти плодови.
Бадемите, лешниците и слично се богати со витамин Е, кој ја подобрува функцијата на мозокот.
За вкусна ужина можете да си направите и комбинација од јаткасти плодови и бобинки.
Маслиново масло
Ако знаете барем малку за медитеранската исхрана, тогаш знаете и дека маслиновото масло ви е најголем сојузник за здрав оброк.
Се препорачува да го ограничите внесот на путер, маргарин и други зеленчукови масла и да ги замените со маслиново.
Риба
Знаевте ли дека луѓето постари од 65 години постигнувале подобри резултати на тестовите за меморија ако јаделе риба почесто?
Рибата содржи здрави масти и витамини Б6 и Б12 кои се неопходни за мозокот.
Според исхраната MIND, доволно е да јадете риба еднаш неделно.