8 болести кои имаат различно влијание врз мажите и жените
Мозочен удар
Околу 55.000 повеќе мажи од жени ќе имаат мозочен удар.
Секоја година умираат повеќе мажи од жени од ова заболување.
Иако мажите и жените воглавно ги чувствуваат истите симптоми, кај жените можат да се појават и тешкотии при дишењето, халуцинации, губење свест, повраќање и икање.
Инфаркт
Кога имаат инфаркт, и мажите и жените чувствуваат притисок во областа на градите.
Сепак, жените можат да доживеат инфаркт и без овој симптом. Наместо тоа, тие можат да почувствуваат притисок или болка на долниот дел од градите или горниот дел од стомакот, испрекинато дишење, вртоглавица и екстремен замор.
Депресија и анксиозност
Депресијата и анксиозноста се почеста појава кај жените. Причината за ова е тоа што жените се соочуваат со проблеми што мажите обично ги немаат, како полова нееднаквост, социо-економски недостатоци, пониска плата и понизок социјален статус.
Покрај тоа, кај жените може да се појави и постпородилна депресија, депресија за време на ПМС и депресија за време на бременост. Ова се видови депресија што мажите никогаш нема да ги искусат.
Инфекција на уринарниот тракт
Инфекциите на уринарниот тракт се многу почести кај жените, најмногу бидејќи женскиот мочен канал е пократок, па бактериите имаат пократок пат.
Од друга страна, пак, овие инфекции се покомплицирани кај мажите бидејќи најчесто се поврзани со блокада на уринарниот тракт, а не со бактерии.
Спирова С. | Црнобело