Пиј многу вода, спиј колку можеш повеќе - Совети за здравјето кои не треба да ги слушате
Исполнувајте ги сите ветувања
Добро е да се држите до вашиот збор, но понекогаш нештата не се одвиваат по план. Некогаш околностите се менуваат, па може да биде невозможно да исполните некое ветување.
Ако сепак се обидете да го исполните ветувањето, дури и кога изгледа невозможно, само си создавате непотребен стрес.
Секогаш велете „Да“
Некои луѓе веруваат дека со тоа што прифаќаат сè, им се отвораат на сите можности што им се пружат.
Но, ова воопшто не ви е од корист, особено кога воопшто не сакате да направите нешто.
Бидете продуктивни цело време
Ако постојано се обидувате да бидете продуктивни, нема да му го дадете потребниот одмор на вашите тело и ум.
Неретко, луѓето го гледаат времето одвоено само за себе како потрошено, но ова е погрешно. Понекогаш дозволете си да „изгубите“ цел ден и само да се релаксирате.
Штедете го секој денар
Знаевте ли дека одрекувањето од сè што сакате е исто лошо колку и импулсивното трошење?
Неретко, обидувајќи се да заштедат, луѓето прават радикални промени во животниот стил, па престануваат да трошат на работи што им причинуваат задоволство.
Иако е добро да бидете одговорни со парите, ако претерате со штедењето речиси сигурно ќе се чувствувате лошо, па дури и гневно.
Редовно анализирајте ги постапките од минатото
Добро е да ги анализирате вашите постапки и да воочите каде сте постапиле правилно, а каде сте погрешиле. Но, не треба постојано да го правите ова.
Постојаното размислување за постапките од минатото не ви дозволува да живеете во моментот. Ова, пак, дополнително ќе го отежни планирањето на иднината и ќе ви го расипе расположението.
Спирова С. | Црнобело