Пиј многу вода, спиј колку можеш повеќе - Совети за здравјето кои не треба да ги слушате

Изгледа дека секогаш настојуваме да ги делиме спветите на добри и лоши. Но, кога ќе размислите подобро, нештата не се така црно-бели.

navidum-dobri-naviki-so-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-01.jpg

Понекогаш лошите совети можат да бидат од корист, а некогаш, пак, навидум добрите совети само ви прават повеќе штета.

Погледнете кои се добрите совети што сите ги слушаме, но со кои си го уништуваме животот:

Спијте колку што сакате

Квалитетниот сон е клучен за здравјето, но ова не значи дека треба да спиете колку што сакате.

Спиењето повеќе од 9 часа дневно може да предизвика депресија, да го зголеми ризикот од дијабетес, да биде причина за дебелеење и срцеви заболувања, но и да го зголеми ризикот од Алцхајмер и деменција.

navidum-dobri-naviki-so-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-02.jpg

Пијте многу вода

Знаевте ли дека постои труење со вода? Ова труење може да предизвика проблеми со бубрезите, како и белодробен и церебрален едем.

Здравите бубрези можат да процесираат најмногу 1 литар вода на час. Па, ако испиете повеќе во тој период, речиси сигурно ќе си предизвикате проблем.

navidum-dobri-naviki-so-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-03.jpg

Миете ги забите после оброк

Откако ќе завршите со јадење, киселоста во устата е зголемена. Па ако ги измиете забите во тој момент, само го зголемувате ризикот од ерозија на емајлот.

Ако ги миете забите после, а не пред појадок, ѝ помагате на киселината да продре во забите.

navidum-dobri-naviki-so-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-04.jpg

Воздржувајте се од кивање

Кога кивате, воздухот излегува со брзина од 120 метри во секунда. Кога ќе го потиснете, целиот притисок се префрла на внатрешните органи и можете да се повредите.

Покрај тоа, абнормалната акумулација на воздух во градите може да предизвика дополнителни проблеми.

Кога кивате, пак, добро е секогаш да ја покриете устата, но со шамивче. Ако ја покриете устата со дланката, сите бактерии што се ослободиле со кивањето ќе останат на неа, па потоа ќе ги разнесете на сè што ќе допрете.

navidum-dobri-naviki-so-koi-si-go-unishtuvate-zhivotot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg