Одговори на 10-те најгуглани прашања за здравјето во 2019

Денес за што ѝ да имаме прашање, сите најпрво го проверуваме Google, особено кога станува збор за проблеми со здравјето.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-01.jpg

Од Google, пак, водат евиденција за тоа кои прашања и поими се најпребарувани, а сега ја имаме листата со најгуглани прашања во врска со здравјето за оваа година.

Иако можеби овој пребарувач нуди решение за многу здравствени проблеми, Google никогаш не може да ја замени дијагнозата и терапијата од лекар.

Во продолжение погледнете ги најпребаруваните прашања во врска со здравјето и нивните одговори:

1. Како се намалува крвниот притисок?

Важно е да знаете дека крвниот притисок може да се менува во текот на денот. Понекогаш тој зависи и од ситуацијата во којашто се наоѓате.

Сепак, доколку имате висок крвен притисок подолг период, со тоа се зголемува ризикот од инфаркт, мозочен удар и слични здравствени проблеми.

Доколку имате висок крвен притисок, немојте никогаш да земате лекови на своја рака. Најпрво треба да се погрижите да направите одредени промени во животните е навики, како намалување на консумирањето сол, слабеење, почеста физичка активност и слично.

Се разбира, вашиот лекар најдобро знае што треба да направите.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-02.jpg

2. Што е кето?

Зборот „кето“ може да се однесува на многу нешта, но најчесто пребарувачите се заинтересирани за истоимената диета.

Кето диетата е начин на исхрана во кој се ограничува внесот на јаглехидрати, додека мастите зафаќаат најголем дел од внесената храна. Оваа диета се разликува од другите, најмногу бидејќи го поттикнува внесувањето масти.

Идејата е дека кога ќе го „осиромашите“ организмот од јаглехидрати, вашето тело повеќе нема да користи енергија од нив или од шеќери, а со тоа ќе почне согорувањето масти.

Но прашањето што најмногу ги мачи сите е дали оваа диета е здрава. За жал, сè уште не се направени долгорочни научни истражувања, но познато е дека со диетата го ограничувате внесот на многу важни хранливи материи. Поради ова, можно е да настанат проблеми со црниот дроб и бубрезите и да настане констипација.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-03.jpg

3. Како да престанете со икање?

Не постои научно докажан метод што го спречува икањето, бидејќи е тешко да се изведат истражувања за оваа проблематика.

Икањето е непредвидливо, но сепак постојат неколку потенцијални „лекови“.

- Менување на ритамот на дишење: Во овој случај обидете се свесно да го промените ритамот на дишење, да го држите здивот некое време или да дишете во хартиена кеса.

- Пиење или плакнење студена вода: Се верува дека ако го исплакнете грлото со студена вода, или ако се напиете, икањето најверојатно ќе престане.

- Исплазување на јазикот: Ова е уште еден метод што наводно го спречува икањето.

- Плашење: Досега сигурно сте слушнале дека ако некој ве исплаши додека икате, икањето ќе престане.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-04.jpg

4. Колку долго трае грипот?

Симптомите на грипот можат да траат 3 до 7 дена, под услов да не настанат компликации, а „заразни“ сте уште од првиот ден.

Интересно е што една третина од луѓето со грип воопшто не ги чувствуваат симптомите, но тоа не значи дека не можат да ја разнесат заразата.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-05.jpg

5. Што го предизвикува икањето?

Не е сосема јасно што точно го предизвикува привременото икање. Тоа може да биде полниот желудник, без разлика дали со храна или гасови, промената на температурата, а понекогаш и стресот.

Кај честото и хронично икање, приказната е друга. Во овој случај, постојаното икање може да покажува дека нешто ја иритира дијафрагмата или нервите што ја контролираат.

Доколку икањето трае подолго од вообичаено, најдобро е да го посетите вашиот лекар.

10-te-najguglani-prashanja-za-zdravjeto-vo-2019-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg