Што покажуваат брчките и промените на лицето за вашето здравје?
Црвен нос
Иако во студените месеци црвениот нос е нормална појава, понекогаш е знак и за други проблеми.
Доколку забележите дека носот ви се вцрвува и кога не е студено, можно е да имате проблеми со циркулацијата или срцето.
Во овој случај, најдобро е да намалите со кафето и зачинета храна, а да консумирате повеќе здрави масти.
Брчки околу устата
Брчките што се појавуваат на краевите од устата се поврзани со дебелото црево.
Ако сте забележале дека се поизразени, пијте многу течности, консумирајте храна богата со витамин Д и вежбајте барем два пати неделно.
Брчки од смеење
Ако сте личност која постојано се смее, најверојатно ќе имате подлабоки брчки околу устата.
Сепак, доколку забележите ненадејно продлабочување на овие брчки, тогаш можно е да имате проблем со панкреасот. Боровинките, грозјето и лукот се храна што го одржува здравјето на овој орган.
Линии на горната усна
Овие брчки се чести кај пушачите. Неретко, причината за нивната појава е и претераната изложеност на сонце. Понекогаш и честото пиење со сламка може да предизвика брчки на горната усна.
Линиите на горната усна се поврзани и со слезината, па нивната видливост може да укажува на проблем со овој орган.
Дамки на усните
Дамките на усните можат да бидат знак за слаба циркулација. Воглавно тие не се закана за вашето здравје, но можат да бидат показател за проблеми со дебелото црево.
Брчки на вратот
Брчките на вратот стануваат поизразени со стареењето. Но, можат да се појават порано кај луѓе со прекумерна тежина, или кај оние кои имаат проблеми со тироидната жлезда.
Линии под долната усна
Линиите под долната усна можат да бидат знак дека собирате премногу негативна енергија.
Доколку сте забележале дека овие брчки стануваат сè поизразени, одвојте време за релаксација и најдете начин да се ослободите од негативните чувства.
Видливи вени на слепоочниците
Вените на слепоочниците се последица од високиот крвен притисок. Ова може да значи дека сте изложени на многу стрес.
Можете да го регулирате крвниот притисок со јога и крати прошетки. Истовремено, консумирајте повеќе банани и намалете го внесот на сол.
Спирова С. | Црнобело