Што покажуваат брчките и промените на лицето за вашето здравје?
Колку и да не ги сакате брчките, тие се неизбежен дел од стареењето.
Но, покрај тоа што покажуваат знаци на стареење, положбата на брчките може да открие и многу други нешта за вашето тело и вашето здравје.
Во продолжение погледнете што друго означуваат брчките на вашето лице:
Хоризонтални брчки на челото
Воглавно, линиите на челото покажуваат дека сте изложени на многу стрес. Токму поради ова, понекогаш тие се нарекуваат и „линии на загриженост“.
Истовремено, брчките на челото можат да бидат знак дека консумирате премногу шеќер, а малку вода.
Линии околу левата веѓа
Линиите околу левата веѓа се директно поврзани со слезината. Доколку забележите дека овие брчки стануваат поизразени, тоа може да биде знак дека вашата слезина не работи како што треба.
Во овој случај, обидете се да консумирате повеќе сушено овошје. Оваа храна ја зајакнува слезината.
Линии околу десната веѓа
Брчките околу десната веѓа се поврзани со црниот дроб. Доколку овие брчки се поизразени, тоа може да биде знак дека вашето тело е полно со токсични материи.
Во овој случај, треба да направите промена во исхраната и да консумирате повеќе зеленчук и здрави протеини. Истовремено, намалете со кафето, зачинетата храна и солта.
Брчки на горниот дел од носот
Доколку имате изразени брчки во овој предел, можно е да страдате од алергии. Истовремено, и овие брчки се показател за стрес и загриженост.
Брчките на горниот дел од носот можат да бидат знак и за намалено либидо.
Брчки околу очите
Овие брчки се појавуваат од надворешната страна на окото и најчесто се поради начинот на којшто се смеете.
Но, брчките околу очите можат да бидат и знак за проблеми со видот – кога се обидувате да фокусирате, малку ги затворате очите, па се создаваат брчки.
Линиите околу очите се поврзани и со црниот дроб, бубрезите и стомакот. Па доколку се поизразени, треба да внимавате на вашата исхрана.
Брчки под очите
Круговите околу очите настануваат кога не спиете доволно. Понекогаш, тие можат да бидат и знак за некои здравствени проблеми.
Воглавно, круговите околу очите се појавуваат кај луѓето кои имаат проблеми со бубрезите и циркулацијата. Во овој случај ќе ви помогне јогата или каква било физичка активност.
Промена на бојата на образите
Ако забележите промена на бојата на образите, можно е да имате проблеми со белите дробови.
Понекогаш, оваа промена е поврзана и со дигестивните проблеми.