5 домашни лекови од цвекло - против воспалено грло и настинки

Кога ќе ги почувствувате првите болки во грлото, неопходно е веднаш да преземете мерки, за работите да не се влошат.

5-domasni-lekovi-od-cveklo-protiv-vospaleno-grlo-i-nastinki-01.jpg

Овие 5 домашни рецепти се на база на цвекло, комплетно природни и немаат несакани ефекти.

Цвеклото може да го смири воспаленото грло, да го олесни отокот во крајниците, ја олеснува болката, го зајакнува имунитетот.

За сите рецепти се користи свеж сок од цвекло, добиен преку блендер или соковник, без додатоци.

5-domasni-lekovi-od-cveklo-protiv-vospaleno-grlo-i-nastinki-03.jpg

Рецепт против воспалено грло

Измешајте 200ml сок од цвекло со 1 супена лажица јаболков оцет. Добиената течност загрејте ја на 30-35 степени.

Чистете го грлото со оваа мешавина најмалку 6-7 пати дневно.

Рецепт против гнојна ангина

Се препорачува да правите гаргара од растворен сок од цвекло и вода во еднаква количина. На секои 150ml треба да додадете 1 супена лажица сок од кромид.

Правете гаргара на секои 3 часа.

5-domasni-lekovi-od-cveklo-protiv-vospaleno-grlo-i-nastinki-02.jpg

Рецепт против обична настинка

Помешајте сок од цвекло и вода во еднаков размер и додајте лажица мед.

Ставајте по 4 капки од растворот во носот, 4 пати дневно во траење од 5 дена.

Рецепт против вируси

Помешајте 150ml сок од цвекло со 100ml вода и лажица сок од лимон.

Со оваа течност плакнете го грлото барем 5-6 пати дневно.

5-domasni-lekovi-od-cveklo-protiv-vospaleno-grlo-i-nastinki-05.jpg

Рецепт против воспалени крајници

Сварете 1kg чисто и измиено цвекло во 2l вода. Добиениот бујон консумирајте го 3 пати дневно по 50ml.

Чувајте го во фрижидер, а пред консумирање загревајте. Може да правите и гаргара со него.

5-domasni-lekovi-od-cveklo-protiv-vospaleno-grlo-i-nastinki-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg