Една секојдневна навика која е исто толку штетна како пушење цигари – ја имате ли?
Иако пушењето цигари и лошиот начин на живот се штетни по здравјето, сепак научниците откриваат дека постои уште една навика која е исто толку штетна, а никој не ја доживува така.
Во одредени периоди од животот, сите се почувствувале осамено, но доколку тоа стане навика, свесно или најчесто несвесно, оваа состојба може да стане штетна по целокупното здравје.
Според истражувањата, осаменоста го зголемува ризикот за предвремена смрт за 26%, па постојаното изолирање и недостатокот на социјални врски не само што не влијае позитивно, туку и ја влошува вашата здравствена состојба.
Иако повеќето не ја бираат осаменоста, сепак многупати несвесно самите се изолираат од друштвото и социјалните настани, од разни причини, што подоцна преминува во една лоша навика и состојба која е исто толку лоша по човечкиот живот како и пушењето цигари.
Истражувањата покажуваат дека во ризична група на осаменост се наоѓаат луѓе кои се сами, но и луѓе кои се постојано опколени со луѓе, но се чувствуваат осамено.
Токму затоа, важно е да се сфати дека немањето пријатели и контакти не е единствениот фактор за осаменост. Неопходно е да бидете опколени со вистинските луѓе, а остварувањето цврсти пријателски и љубовни односи, го намалува стресот, го подобрува имунитетот и му дава смисла на животот.
Па, следниот пат кога ќе кажете дека имате многу пријатели и контакти, размислете дали тие се вистинските луѓе кои ви се потребни, или кога ќе се вратите дома, повторно се чувствувате празно.
Одберете ги вистинските луѓе покрај вас, одржувајте контакт со драги личности и исполнете си го животот со активности кои ве прават среќни.
М. М. | Црнобело