5 едноставни совети што оваа зима ќе ве заштитат од досадните вируси и настинки
Кога треба да се справувате со ниските температури и променливото време, нешто што најмалку ви треба е настинка или грип.
Иако изгледа како овој период настинките да се неизбежни, сепак постојат некои трикови што ќе ви помогнат да се заштитите.
Обидете се да ги правите овие работи секојдневно и значително ќе го намалите ризикот од појава на кашлица, висока температура, грип и слично.
Вода со лимон
Витаминот Ц е одличен за имунитетот, а лимонот го има во изобилство.
Токму поради ова, препорачливо е секој ден да пиете вода со лимон, најдобро наутро, на празен стомак.
Овој пијалак ќе ги спречи инфекциите, а киселоста е како штит што не им дозволува на патогените да предизвикаат некоја болест.
Покрај тоа, лимонот има состојки познати како фитонутриенти. Овие состојки имаат антиоксидансни својства, кои дополнително го штитат организмот.
Внес на добри бактерии
Најдобриот начин да се заштитите од грипот е да го зајакнете вашиот имунитет. Притоа, важно е да знаете дека голема улога во ова имаат вашите црева и бактериите кои се наоѓаат во нив.
За да ја одржите цревната флора во добра состојба, треба да консумирате храна што содржи добри бактерии. Овде спаѓаат намирници како кисела зелка, кефир, други ферментирани млечни производи, комбуха…
Лук, печурки и зачини
Зачините како куркума, оригано и чили се познати по нивните лековити својства. Па ако сакате да го зајакнете имунитетот, користете ги почесто.
Намирниците како лукот и некои видови печурки исто така имаат позитивно влијание врз здравјето - едно истражување покажало дека консумирањето шитаке печурки може значително да го зајакне имунитетот.
Слично влијание има и лукот.
Отстранување на бактерии и вируси
Веќе знаете дека е важно да ги миете вашите раце, но во сезоната на грип и настинки, редовната дезинфекција на дланките е уште поважна.
Покрај рацете, важно е да ги исчистите и предметите околу вас, како кваките, столовите, бирото…
Причината е што доколку некој болен ги допрел овие предмети, најверојатно на нив „оставил“ вируси и бактерии. Овие вируси можат да преживеат и до 24 часа, па важно е редовно да ги отстранувате.
Истовремен, не заборавајте редовно да ја проветрувате просторијата во којашто седите.
Спиење
Доколку не спиете поради стрес или премногу обврски, имаме лоши вести за вас.
Недостатокот од сон го ослабува имунитетот бидејќи го намалува создавањето на Т-лимфоцитите. Ова се всушност клетки кои се клучни во борбата против патогените. Па, кога ќе се намали нивниот број, се зголемува ризикот од инфекции, настинка и бројни други болести.
За да го избегнете ова, обидете се да спиете подолго.
Спирова С. | Црнобело