Како да ги излечите лесните настинки?
Пешачење
Кога сте настинати, најдобро е да мирувате, но не треба целото време да го поминете во кревет.
Препорачливо е да отидете на кратка прошетка бидејќи свежиот воздух може да ви ја подобри состојбата.
Можете да пробате да направите и неколку едноставни вежби.
Топла купка
Ако страдате од главоболка и болки во мускулите, а немате температура, можете да испиете парацетамол или аспирин.
Но ако не сакате лекови, понекогаш помага и топлата купа. Доколку чувствувате болка и замор, истуширајте се со топла вода наутро и навечер. На овој начин ќе го опуштите телото и ќе ги исчистите дишните патишта.
Променете ја исхраната
Кога сте настинати, треба повнимателно да одбирате што ќе јадете. Консумирајте повеќе риба, грав и многу овошје и зеленчук. Препорачливо е секој ден да пиете и чаша свежо цеден сок од портокал.
Спирова С. | Црнобело