Како да ги излечите лесните настинки?
Сезоната на настинки веќе почна, па сигурно сакате да знаете како да останете здрави, или барем да ги ублажите симптомите на настинката.
Додека секогаш е најдобро да го посетите вашиот лекар, ако сметате дека симптомите се послаби, со настинката можете да се справите и од дома.
Иако можеби барате начин да бидете продуктивни и со настинка, важно е овој период да си дозволите подолг одмор.
Погледнете како да се справите со лесните настинки „на нога“:
Пијте многу течности
За да не дехидрирате, осигурете се дека внесувате многу течности. Обичната вода и свежо цедените сокови го намалуваат гребењето во грлото и помагаат во чистењето на дишните патишта.
Кога сте настинати, не заборавајте и на топлите пијалаци, најмногу билните чаеви, во кои можете да додадете и лимон и мед.
Доста ефективна е и пилешката супа, која го снабдува организмот со изгубените електролити и минерали.
Редовно чистете го носот
Кога сте настинати, немојте да шмркате и да го враќате целиот слуз назад во синусите. Треба редовно да го чистите носот, но немојте да го дувате пресилно.
После чистењето на носот, измијте ги рацете за да не се шират бактериите.
Доколку носот ви е затнат, може да ви помогне пареа. Можете да се истуширате со топла вода, или да го ставите лицето над сад со врела вода.
Доколку одлучите да користите капки за нос, немојте да ги употребувате подолго од пет дена.
Плакнете го грлото
За болката во грлото можете да купите некое средство, а можете и да го плакнете со раствор.
Во чаша млака вода растворете една лажица сол и со растворот исплакнете го грлото. Оваа комбинација го намалува секретот што предизвикува воспаление и кашлање.
Против болката може да ви помогне и мешавина од мед и јаболков оцет со која ќе го исплакнете грлото.