Тестови од 30 секунди што ќе ви откријат колку сте здрави
Како што стареете, вашиот имунитет слабее, па се зголемува ризикот од разни заболувања.
Препорачливо е најмалку на секои две години да правите систематски преглед, но постојат некои тестирања што можете да ги направите и дома.
Најдоброто од сè е што овие тестови траат само по 30 секунди, но сепак ќе ви откријат доколку постои некој здравствен проблем.
Притискање на врвот на прстите
Со десниот палец и показалец, притиснете го горниот дел од прстите на левата рака, кај коренот на ноктот.
Прво притиснете со палецот, држете 3-5 секунди, па притиснете и со показалецот. Повторете го истото за сите прсти.
Откако ќе го отстраните притисокот, крвта во прстот би требало да се врати за најмногу 2 секунди. Во овој случај, дотокот на крв во вашето тело е добар.
Прстите се поврзани со вашите внатрешни органи, па ако при овој тест чувствувате болка, можно е да има некој проблем.
Според експертите, болката во разните прсти може да означува неколку нешта:
Палец: Ако почувствувате болка во палецот, можно е да имате проблеми со белите дробови.
Показалец: Показалецот е поврзан со дебелото црево, па болката во овој прст укажува на проблем со дебелото црево и констипација.
Среден прст: Болката во средниот прст е поврзана со проблеми со срцето.
Домал прст: Домалиот прст е исто поврзан со срцето, па болката е знак за проблеми со овој орган.
Мал прст: Болката во малиот прст е знак за проблеми со цревата.
Тупаница
За овој тест, стегнете ја дланката во тупаница. Отворете ја дланката после 30 секунди и ќе забележите дека таа има посветла боја.
Кога правите тупаница, крвните садови се стегаат, па се ограничува дотокот на крв во дланката.
Ако после ослободувањето на тупаницата крвта се врати во дланката, тоа значи дека немате проблем со крвотокот.
Ако, пак, треба повеќе време за да ѝ се врати нормалната боја на дланката, тоа може да биде знак за артериосклероза.