Како да ги одредите вашите плодни денови и дали имате проблем со плодноста?
Промена во вагиналниот исцедок
Вагиналниот исцедок воглавно содржи вода. Сепак, неговиот состав може да се менува, поради нивото на естроген во телото.
Ако сте во плодните денови, исцедокот ќе биде пообилен, провиден и потенок.
Промени во плунката
Ова не е традиционален начин да ги предвидите плодните денови, но изгледа дека функционира.
Ако сте во плодни денови, кога ќе плукнете на стакло, плунката ќе изгледа како мраз. Сепак, имајте на ум дека јадењето, пиењето, па дури и пушењето можат да ги прикријат овие ефекти.
Чувствителни гради
Кога започнува овулација, телото почнува да лачи одредени хормони, поради што се зголемува чувствителноста на вашите гради.
Околу плодните денови можете да чувствувате и болка во брадавиците. Интензитетот на чувствителноста и болката може да варира.
Желба за интимност
За време на плодните денови, може да се зголеми и желбата за секс.
Сепак, доколку сте анксиозни, депресивни или под стрес, овој симптом може да изостане.
Знаци за проблеми со плодноста
Постојат многу симптоми што укажуваат на проблеми со овулацијата. Доколку забележите некои од нив, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
1. Нередовни менструации
2. Силна болка во стомакот секој месец или многу често
3. Многу кратки или многу долги менструални циклуси
4. Обилно крвавење (ова може да се случи и ако имате ендометриоза)
5. Не забележувате промени во базалната температура
Спирова С. | Црнобело