Зошто да станете вегетеријанец?
Постојат многу различни причини зошто да станете вегетaријанец, почнувајќи од подолг живот па сè до подобра линија.
Пред неколку години вегетaријанството беше табу тема, но сè повеќе и повеќе млади на денешницата го прифаќаат овој режим на исхрана.
Без разлика дали го прават тоа за да ја подигнат свеста за убивањето на животните или пак за свои лични бенефиции, придобивките се двострани.
Доколку и вие подолго време размислувате да го пробате овој начин на исхрана, во продолжение прочитајте ги придобивките кои може да ги стекнете од вегетaријанството:
Вегетaријанството го продолжува животот
Навистина можете да си го продолжите животот доколку се одлучите за вегетaријанството. Едно научно истражување во Велика Британија покажало дека вегетaријанците живеат просечно 6 години повеќе.
Исто така спречува и многу болести, а чинијата ви ја исполнува со повеќе минерали и витамини.
Ќе се чувствувате полни со енергија
Овошјето и зеленчукот како замена за месото. На овој начин вашето тело ќе нема потреба да троши многу енергија да ја обработи нездравата храна која ја внесуваме, па затоа видливо ќе ви се зголеми нивото на енергија.
Ќе избегнете отровни хемикалии
Месото многу често може да биде полно со хормони и пестициди кои се штетни за нашето тело.
Бидејќи овие токсини се растворливи во маснотии, тие се концентрираат во масното месо кај нас - луѓето. А, да не заборавиме и на вирусите и бактериите кои може да бидат присутни во месото како салмонелата, трихинелата и други.
Намалува брчки и го продолжува животот
Вегетаријанската диета изобилува со растителни влакна, минерали, витамини што го зајакнуваат имунитетот и го спречуваат стареењето.
Исто така ќе воочите и голема разлика на вашата кожа, таа ќе изгледа позрдаво и посјајно од било кога.
Намалува ризик од рак и срцеви заболувања
Вегетаријанците имаат помала веројатност да добијат срцеви заболувања или рак. Ова е докажано во едно истражување направено во САД.
Бидејќи вегетаријанците не јадат месо, тие внесуваат драстично помали количини на масти во нивното тело што помага при ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и холестерол.
Ќе имате можност да уживате во разновидниот, шарен и вкусен свет на вегетаријанската кујна
Можеби не сте верувале до сега, но вегетаријанските оброци можат да бидат навистина вкусни и брзи за подготовка.
Денес постојат и многу алтернативи за вегетаријанци кои се достапни на секаде, па затоа нема да го чувствувате отсуството на месото во вашата исхрана.
Т. Ѓ. | Црнобело