Здравствени проблеми кои понекогаш можете да ги решите со плачење
Во просек, жените плачат 3,5 пати месечно, додека мажите само 1,9 пати.
Иако сите одвреме-навреме плачеме, плачењето сè уште се смета како знак за слабост.
Но, некои истражувања покажале дека од плачењето има и некои придобивки, па следниот пат, немојте да се воздржувате.
Ова се некои од здравствените придобивки од плачењето:
Стрес
Истражување од 2014-та година покажало дека плачењето им помага на луѓето да се релаксираат, ако се изложени на голем стрес. Резултатите од плачењето не се чувствуваат веднаш, но по неколку минути, телото почнува да се релаксира.
Според истражувачите, плачењето го активира парасимпатичниот нервен систем, а кога овој систем е активиран, има смирувачки ефект врз мозокот. Сепак, не треба и да претерате.
Крвен притисок
Високиот крвен притисок може да предизвика низа здравствени проблеми – мозочен удар, инфаркт, деменција, па дури и проблеми со бубрезите.
Според некои истражувања, плачењето може да помогне и во овој случај. Наводно, плачењето не само што го намалува и регулира крвниот притисок, туку после интензивно плачење, може да се нормализира и пулсот.
Акумулирање на токсини
Солзите можат да ги исчистат очите од чад и прашина. Покрај тоа, преку солзите можат да се исфрлат и токсините кои се насобрале во телото.
Ова ослободување од токсините помага во регулирање на нивото на кортизол во телото, па може да резултира со подобрено расположение.
Најверојатно, токму поради ова чувствувате олеснување откако ќе се исплачете.
Променливо расположение
Ако се прашувате зошто постојано сте анксиозни и се чувствувате раздразливо, добро е да знаете дека за ова нема само еден одговор.
Променливото расположение може да биде последица од многу нешта, а една од нив е акумулирањето на манган во телото.
Кога плачете, вишокот манган излегува од телото преку солзите, па можно е да почнете да се чувствувате посмирено и пофокусирано.
Болка
Кога чувствувате физичка болка, сигурно сте забележале дека понекогаш ви се насолзуваат очите. Ова е механизам на телото со кој се намалува чувството на болка.
Некои истражувања покажале дека покрај тоа што ја намалува болката, емотивното плачење помага и при ослободувањето на окситоцин и ендорфини во телото.
Овие хемикалии го подобруваат расположението, а можат да ја намалат и физичката, и емоционалната болка.
Спирова С. | Црнобело