Мозочен удар, здравјето на плодот кај бремените жени - здравствени проблеми поврзани со ’рчењето

Најчесто ’рчењето се смета за нешто што е нормално за одредени луѓе. Секако дека оние коишто а го делат креветот со некој што ’рчи не мислат така, бидејќи ова може да биде сериозен проблем и да му го нарушува сонот на оној што мора да го слуша.

Zdravstveni-problemi-povrzani-so-rcenjeto-01.jpg

Но, покрај тоа што е проблем за другите, ’рчењето може да биде ризично по здравјето и на оној што ’рчи.

Затоа можеби е пожелно да се консултирате со доктор доколку вие или некој ваш близок има проблем со ’рчењето, бидејќи доколку е константно тоа предизвикува:

1. Висок крвен притисок

Можеби се прашувате каква врска има ’рчењето со високиот крвен притисок, но во некои случаи ’рчењето може да го нарушува сонот на оној што ’рчи и да го спречува да се одмори доволно.

Константниот недостаток на сон може да има разни влијанија на телото, а едно од тие е високиот крвен притисок.

2. Мозочен удар

Луѓето кои ’рчат има многу поголеми шанси да доживеат мозочен удар. Понекогаш ’рчењето е индикатор за посериозно нарушување како што е апнеа, којашто уште повеќе го зголемува ризикот од мозочен удар.

3. Аритмија

’Рчењето може да доведе до намален кислород во крвта, којшто му е потребен на срцето за нормална работа. Аритмијата е нарушување во нормалниот ритам на срцето.

Во многу случаи аритмијата не е сериозен ризик по животот, но може да доведе до трајно оштетување кое може да предизвика животозагрозувачки компликации подоцна.

4. Здравјето на плодот кај трудниците

За трудниците, ’рчењето претставува особен ризик. Бидејќи здравјето на фетусот во голема мера зависи од доброто снабдување со кислород од мајката, секое нарушување во снабдувањето со кислород како што е ’рчењето, може да доведе до сериозни, па дури и животозагрозувачки проблеми за плодот.

5. Гастроезофагеална рефлуксна болест

Она што го знаеме како киселини, е всушност гастроезофагеална рефлуксна болест. Може да не звучи како сериозен проблем, но доколку се остави без третман, киселината којашто се качува од стомакот во езофагусот може да доведе до сериозни проблеми, вклучувајки ерозија на ткивата, па дури и рак.

6. Сообраќајни несреќи

Бидејќи ’рчењето е поврзано со недостаток од сон, тоа значи дека истото ве спречува нормално да ги изведувате важните секојдневни работи, како што е возењето.

Луѓето кои се уморни многу почесто се учесници во сообраќајни незгоди, а ’рчењето е особено опасно за луѓе кои управуваат тешка машинерија.

7. Депресија

Сите телесни функции се високо зависни од снабденоста со кислород. ’Рчењето може да го наруши снабдувањето со кислород во белите дробови, а со тоа и во целото тело.

Мозокот е еден од органите кои се најзависни од кислород, а кога тој има недостаток од кислород тогаш не функционира нормално и може да доведе до разни состојби како што е депресијата.

8. Главоболка

Главоболката не се смета за сериозен здравствен проблем, но ’рчењето може да биде причина за чести главоболки. Лековите се нешто по кое најчесто посегнуваме кога имаме главоболка, а пречестата консумација на лекови може да предизвика проблеми со здравјето.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“ „Кулминацијата дојде во 2017 година. По обична вечера со пријатели, останав будн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg