Промени на градите кои се безопасни и промени на кои треба да обрнете внимание
Можеби со годините станувате помудри, но со староста доаѓаат и низа здравствени проблеми.
Додека повеќето „симптоми“ што се појавуваат поради староста се сосема нормални, некои од нив можат да бидат знак за некој посериозен проблем.
Поради, ова добро би било да знаете на кои промени треба да обрнете внимание.
Бидејќи ракот на дојката стана навистина честа појава, секоја жена треба да знае кои промени на градите се нормални, а кои не треба да ги игнорира.
Ова се 3-те нормални и 6-те промени на градите на кои треба да обрнете внимание.
Нормални промени на градите
Стрии
Како што стареете, на вашето тело, вклучувајќи ги и градите, ќе се појават стрии. Можеби не ви се допаѓа нивниот изглед, но стриите се сосема нормална појава.
Бидејќи со стареењето се намалува еластичноста на кожата, таа „пука“ и настануваат стрии.
Неретко, стриите на градите се појавуваат и кај бремените жени, поради нивното зголемување.
Стресот е друга причина за појава на стрии, па доколку сакате да ги избегнете, најдете начин да се релаксирате.
Спуштени гради
Доколку сте забележале дека вашите гради почнале да се спуштаат, немојте да се плашите. Причината за ова е гравитацијата и ослабеното ткиво на градите.
Доколку имате големи гради или вишок килограми, најверојатно вашите гради ќе се спуштат побрзо. Покрај тоа, кај жените пушачи, постои ризик ова да се појави порано.
Зголемување на просторот помеѓу градите
Голем дел од овие промени на градите се поради намаленото количество на естроген во телото.
Тврдото ткиво во градите почнува да се заменува со масно, па со текот на времето може да ви изгледа како вашите гради да се оддалечиле една од друга.
И во овој случај, важна е големината на градите, па жените со поголеми гради, можат порано да ја забележат оваа промена.
Промени во градите кои укажуваат на некој проблем
Тврди грутки
Можеби сте слушнале дека грутките во градите се почетна фаза на рак, но ова не важи за повеќето.
Повеќето грутки во градите се само ткиво кое не канцерогено, или насобрана течност.
Сепак, доколку сте загрижени, најдобро е да го посетите вашиот лекар. Имајте на ум дека ракот на дојката може да се излечи доколку се забележи рано. Па штом ќе забележите некаква промена, закажете преглед.