20 совети за фитнес и исхрана со кои Џеј Ло е секс-симбол на 50 години

Здравиот начин на живот, дисциплината и реткото кршење на правилата ја направи Џеј Ло секс симбол во шестата деценија од нејзиниот живот.

20-soveti-za-fitnes-i-ishrana-so-koi-j-lo-e-seks-simbol-na-50-godini-01.jpg

Ова се принципите по кои се води и правилата за фитнес и исхрана кои ги следи за да изгледа како што изгледа:

Стомачните ѝ се секојдневна рутина – прави минимум 3 серии по 50 повторувања.

Се предизвикува себеси – често знае да си поставува 10-дневни предизвици без шеќери и јаглехидрати.

Го фотографира својот напредок.

20-soveti-za-fitnes-i-ishrana-so-koi-j-lo-e-seks-simbol-na-50-godini-04.jpg

Научила да танцува околу шипка – тврди дека ова е забавен начин за согорување на калории.

Избегнува храна со адитиви – се држи до органска исхрана.

Кафето без кофеин е нејзин избор – тврди дека со години нејзиното тело функционира без кофеин.

Алкохолот си го забранила сама на себе – си дозволува само по 1 чаша вино во посебни прилики.

Протеините се основа на нејзината исхрана.

Важно е да имате поддршка – „Во пар тренинзите се поинтензивни,“ тврди Џеј Ло.

20-soveti-za-fitnes-i-ishrana-so-koi-j-lo-e-seks-simbol-na-50-godini-02.jpg

Редовната посета на теретана за неа е лекот.

Задолжително прави вежби за задникот, најмалку трипати неделно.

Хидрирањето е важно – Џеј Ло се труди да внесува по 2 литри вода секојдневно.

Го започнува денот со смути – во него има овошје и зеленчук, а тврди дека е подобро будење од силно кафе.

Ручекот и вечерата се со обилни салати – Џеј Ло се труди секој оброк да биде 70% свежа салата.

Јаткасти плодови за ужина – брзо заситуваат и не ви требаат големи количини за лесно да издржите до следниот оброк.

Понекогаш почестете се – не се лишувајте од сладолед и чоколадо.

Музика која мотивира – напорните тренинзи се полесни со вистинската музика.

20-soveti-za-fitnes-i-ishrana-so-koi-j-lo-e-seks-simbol-na-50-godini-05.jpg

Трпението е важно – односно, да не очекувате резултати после третиот тренинг.

Бидете самоуверени – доколку верувате дека можете да го промените животот на подобро и се откажете од лошите навики, тоа и ќе се случи.

Пронајдете го идеалното време за тренинг – секое тело е различно, па важно е да се прилагодувате на вашиот природен часовник.

20-soveti-za-fitnes-i-ishrana-so-koi-j-lo-e-seks-simbol-na-50-godini-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg