Рана детекција на ракот на дојка: Прв чекор во борбата против ракот на дојка
#ПаузаЗаПреглед
279 жени годишно во Македонија умираат од рак на дојка, бројка што би била значително помала доколку болеста се открие во ран стадиум.
На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Според статистиката приложена од Институтот за јавно здравје, од рак на дојка во Македонија годишно умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години.
Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај жените.
Превенцијата вклучува самопреглед на дојките и мамографски преглед со цел болеста да се открие во претклинички стадиум. Минатата година се регистрирани 218 случаи на рак на дојка кај жени и четири кај мажи. Петнаесет нови случаи се пријавени кај млади жени на возраст под 40 години.
Некои од симптомите и знаците кои укажуваат на рак на дојката се болна или безболна грутка во градите, промена на големината и формата на брадавиците, промени на кожата на градите, секретот од брадавицата... Исто така, не е исклучено да се појават и системски симптоми како што е повраќање, гадење, болки во коските, отоци, општа слабост и малаксаност, во зависност од тоа дали и каде се проширил ракот.
Редовните лекарски контроли се најефикасни за раното откривање и дијагностицирање на ракот на дојка, а со тоа се зголемуваат шансите за успешно лекување на болеста. Се препорачува да се прави самопреглед на дојките еднаш месечно, почнувајќи од 20-годишна возраст.
Најчесто се препорачува првата мамографија да се прави околу 40-тата година. Жените на возраст меѓу 40 и 50 години треба да прават мамографија на секои 2 години. По 50-тата година периодот помеѓу мамографијата се намалува на еднаш годишно.
Еден од важните предуслови за рана детекција на ракот на дојка е редовниот самопреглед. Со цел да ја зголеми свесноста и неопходноста од редовна себегрижа компанијата AVON долги години е активно вклучена во континуирани кампањи за борба против рак на дојка, а со својата фондација и продажба на производи од линијата со розова панделка, придонесува и за постојана едукација на женската популација, започнувајќи од девојките кои се во своите тинејџерски години. Со многукратните донации наменети за поддршка на невладините организации кои ги застапуваат правата на пациентите, компанијата обезбедува средства за обезбедување на медицински помагала за пациентите, поддршка на СОС линијата за болните од рак на дојка и нивните семејства и на дневниот центар за психо-социјално советување на пациентите. Како дел од кампањата за свесноста и неопходноста од редовен самопреглед на градите е изработено и илустративно видео во кое се објаснети чекорите на преглед кои секоја жена може лесно да ги примени на себе:
Никогаш не е погрешно време за промени – ниту премногу рано, ниту премногу доцна – без разлика дали имате 15, 25 или 55 години. Промената на животните навики може да има многу важна улога за одржување на здравјето. Редовните прегледи се само почеток на грижата за вашето здравје, а раната детекција на болести како ракот на дојка е од круцијално значење за нејзина превенција, како и за квалитетот на животот.
Целиот месец октомври е посветен на борбата против ракот на дојка. Преку кампањата #ПаузаЗаПреглед, AVON повикува на активна едукација за ракот на дојка и за важностите на рана детекција и превенција на оваа болест. Со приклучување кон целите на оваа кампања, се приклучувате во борба што секојдневно ја водат милиони жени во светот. Уште денеска, одвојте време за себе и направете пауза за преглед за да го зачувате вашето здравје!