10 причини зошто менструацијата ви доцни, а не сте бремени
На секоја жена барем еднаш ѝ се случило да ѝ задоцни менструалниот циклус. Веројатно, во овие случаи, првото прашање што си го поставувате е дали сте бремени.
Но, бременоста не е секогаш причина за доцнење менструацијата. Животните навики, стресот, исхраната и некои здравствени проблеми можат да го нарушат менструалниот циклус, а со тоа да предизвикаат доцнење на менструацијата.
Погледнете кои се 10-те причини за доцнење на менструацијата, освен бременост:
Инфекција
Инфекциите на матката или јајниците кои не се лекуваат навреме, можат да предизвикаат доцнење на менструалниот циклус.
Полицистични јајници
Друга причина за доцнењето на вашата менструација можат да бидат и цистите во јајниците. Овие цисти ја отежнуваат овулацијата, па можат да бидат и причина за неплодност. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со вашиот гинеколог.
Миом на матка
Најчесто миомите на матката се карактеризирани со обилно и долготрајно крвавење. Сепак, тие можат да го нарушат менструалниот циклус и да предизвикаат нередовни менструации.
Лоша исхрана
Веќе знаете дека исхраната има големо влијание врз вашето здравје, вклучувајќи го и менструалниот циклус.
Исхраната сиромашна со белковини и витамини може да предизвика прекинување на менструацијата, бидејќи телото се обидува да заштеди енергија и крв.
Прекумерно вежбање и нагло слабеење
Иако вежбањето е важно, доколку претерате, можете да си направите проблеми.
И вежбањето и наглото слабеење водат до намалување на мастите во телото, поради што се намалува нивото на лептин и естроген во организмот. Ова може да резултира со доцнење на менструацијата.