Промени на усните што можеби укажуваат на некаков здравствен проблем
Брчки на горната усна
Доколку одеднаш сте забележале повеќе брчки на вашата усна, причините можат да бидат и физички, и емоционални.
Во овој случај обрнете внимание на лошите навики како пиење од сламка, пушење премногу цигари или изложеност на стрес.
Промена на бојата на усните
Сината нијанса на усните може да биде знак за лоша циркулација на кислородот во крвта. Истата нијанса може да се појави и на прстите на рацете и нозете.
Доколку вашите усни се бели, можно е да станува збор за анемија. Оваа состојба бара медицинска нега.
Исто така, бледите усни можат да бидат поради ниско ниво на шеќер во крвта, проблеми со циркулацијата или недостаток од некои витамини во организмот.
Потечени усни
Потекувањето на усните може да биде знак за алергиска реакција. Доколку сте забележале дека усните ви стануваат поголеми после употребата на одреден продукт, престанете да го користите.
Доколку волуменот на вашите усни се зголеми многу, за кратко време, тогаш побарајте медицинска помош.
Црни дамки на усните
Постојат неколку причини за појава на црни дамки на усните, а не треба да игнорирате ниту една од нив.
Хиперпигментацијата е честа состојба што може да предизвика кафеави дамки. Овие дамки можат да се појават и на образите, носот и челото.
Овие дамки можат да бидат предизвикани и од сонцето, а доколку сте загрижени за нивната состојба, најдобро да го посетите вашиот лекар.
Спирова С. | Црнобело