Промени на усните што можеби укажуваат на некаков здравствен проблем
Знаевте ли дека на усните се наоѓаат над милион нервни завршетоци? Поради ова, нашите усни се многу почувствителни и од врвовите на нашите прсти.
Неретко, состојбата на усните може да открие многу за вашето здравје, па добро би било да знаете што означуваат разните промени на вашите усни.
Пукнатини на краевите од усните
Плунката што се собира на краевите од усните може да ја исуши кожата и да предизвика пукнатини.
Во овој случај, најверојатно често ги оближувате вашите усни, со тоа создавајќи топлина и влага кои се совршени за развој на инфекции. Токму овие инфекции се најчестата причина за пукнатините.
Доколку често го имате овој проблем, најдобро е да се обратите кај вашиот лекар.
Суви и испукани усни
Кога на организмот му недостасува вода, тоа се манифестира и преку вашите усни.
Сувите усни можат да бидат предизвикани и од климата или стрес. Во овој случај, пијте повеќе вода и нанесувајте хидратантна крема.
Понекогаш, сувите усни се и резултат на алергии, па обрнете внимание и на други симптоми, како на пример чешање.
Испакнатини на усните
Најчесто, овие испакнатини се безопасни и се повлекуваат самите.
Од друга страна, можат да бидат предизвикани и од повреда, како на пример, после инјектирање хијалуронска киселина.
Неретко овие испакнатини можат да бидат и од некоја вирална инфекција, како херпес, за којшто ќе ви биде потребна медицинска нега.
Црвенило околу усните
Најчестата причина за црвенилото околу усните е дерматитис од лижење.
Постојаното лижење на усните ги отстранува природните масла од кожата, па усните стануваат црвени и почнуваат да чешаат.
За да го решите овој проблем, ослободете се од навиката да ги оближувате усните и нанесувајте крема или балсам.