Многу често нема симптоми: 9 работи што би требало да ги знаете за инфекцијата со ХПВ

Не е важно со колку луѓе сте спиеле

Не е важно со колку луѓе сте спиеле. Потребна е само една личност за да го „фатите“ вирусот, а можно е таа личност воопшто да не знае дека го има.

Некои гинеколози истакнуваат дека можете да се заразите дури и при првиот сексуален однос, а вирусот да остане заспан долг период.

Поради ова, гинеколошкиот преглед е од голема важност.

Самата инфекција нема влијание врз плодноста

Во повеќето случаи, само присуството на ХПВ вирусот не влијае врз плодноста.

Најчесто вирусот е лоциран на грлото на матката и нема влијание врз матката или јајцеводите.

9-raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-za-hpv-virusot-04.jpg

Имунитетот може самиот да се ослободи од вирусот

Во поголемиот број случаи со ХПВ инфекција, имунитетот самиот се справува со вирусот. Но, кај некои жени може да трае подолго и да предизвика штета.

Некои гинеколози веруваат дека со здрави навики и правилна исхрана можете да го зајакнете имунитетот и да му помогнете во борбата против вирусот.

Според нивните препораки, добро е да консумирате храна богата со витамин Е, зеленчук со светли бои, храна со витамин А и да избегнувате преработена храна и шеќер.

Ќе ви треба и колпоскопија

Доколку резултатите од ПАП тестот не се добри, тогаш има потреба за подетален преглед за утврдување дијагноза. Ова е всушност колпоскопијата, односно преглед на грлото на матката и дел од вагината.

9-raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-za-hpv-virusot-05.jpg

Кондомите не штитат 100%

Кога се користат правилно, кондомите се одлична заштита против сексуално преносливи болести, како ХИВ или кламидија. Истовремено, кондомите штитат и од ХПВ, но не целосно.

Проблемот е што вирусот може да се пренесе и само со генитален контакт, бидејќи живее на гениталниот предел, кожата и областа околу неа.

Вакцина против ХПВ

Истражувањата направени за ХПВ вакцината докажуваат ефикасност за 5,5 години. Вакцината е безбедна и засега не се забележани сериозни несакани појави, освен чешање на местото на вакцинирање, оток и слично.

ХПВ вакцината е препорачлива за девојчиња на возраст од 9 до 26 години, а во Македонија е воведена како задолжителна вакцина за девојчиња на 12-годишна возраст.

Вакцината ќе биде најефикасна доколку младите ја примаат пред да се заразат од вирусот, односно пред да станат сексуално активни.

Вакцината се дава во три дози – прва доза, втора доза после 2 месеци и трета доза 6 месеци после втората.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg