Многу често нема симптоми: 9 работи што би требало да ги знаете за инфекцијата со ХПВ

ХПВ инфекцијата е полово пренослива болест предизвикана од ХПВ (човечки папиломен вирус).

9-raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-za-hpv-virusot-01.jpg

Името се однесува на над 100 типови вируси, од кои 30-тина се полово преносливи. Ова е можеби најчестата сексуално пренослива болест и сигурно знаете барем една личност што ја има.

Всушност, според некои гинеколози, вирусот е толку чест, што единствениот начин да го избегнете е да немате никаков сексуален контакт.

Но и покрај оваа зачестеност, за оваа инфекција се знае многу малку.

Во продолжение дознајте нешто повеќе за ХПВ вирусот, како се пренесува и како можете да се заштитите:

Многу често нема симптоми

Многу често вирусот не предизвикува никакви симптоми. Поради тоа, важно е редовно да правите ПАП тест со кој ќе се исклучи можноста од зараза.

Гинеколошкиот преглед со ПАП тест овозможува откривање на ракот на грлото на матката во рана фаза.

Во Македонија е воведен бесплатен гинеколошки преглед со ПАП тест.

9-raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-za-hpv-virusot-02.jpg

Не сите ХПВ видови предизвикуваат рак на грлото на матката

Поголемиот дел од достапните информации за ХПВ, го поврзуваат вирусот со рак на грлото на матката.

Сепак, важно е да знаете дека од 100-тина разни видови на ХПВ, само 14 се високоризични и поврзани со болеста.

Покрај тоа, потребно е долго време пред вирусот да се развие во нешто покомплицирано. Според некои гинеколози, за ова се потребни 10 до 15 години.

ХПВ може да предизвика и други проблеми

Инфекцијата со ХПВ може да предизвика други видови рак доколку не се забележи навреме. Овде спаѓаат рак на грлото и анален рак.

Некои видови ХПВ можеби го зголемуваат ризикот од вагинален рак, но за ова се потребни дополнителни истражувања.

9-raboti-shto-bi-trebalo-da-gi-znaete-za-hpv-virusot-03.jpg

Продолжува на следната страницаа...



Би можело да ве интересира:

5 видови рак на репродуктивниот систем за кои секоја жена треба да знае Вагинален, рак на грлото на матката, рак на јајникот – важно е секоја жена да би...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg