10 работи што треба да ги направите пред 10 часот наутро

Без разлика дали се будите лесно или секое сабајле ви се потребни „уште само 5 минути“ за да се разбудите, кога овие здрави навики ќе ви станат дел од рутината, ќе можете да се справите со стресот, подобро ќе спиете и генерално ќе бидете поздрави - физички и ментално.

Za podobro zdravje 10 raboti sto treba da gi napravite pred 10 casot 01

Здрав начин на живот значи многу повеќе од јадење зеленчук и правење кардио вежби во текот на неделата.

Обидете се да ги правите овие 10 работи секој ден до 10 часот:

Пијте чаша вода веднаш штом ќе се разбудите

Со ова вашиот организам ќе биде хидриран и после спиење, а органите за варење ќе започнат да работат правилно. Ако сакате да го подобрите ефектот, додадете лажичка јаболков оцет или малку лимон.

Не го земајте телефонот веднаш

Ако сакате да го намалите стресот, првата работа што ќе ја направите штом ќе се разбудите не треба да биде проверување на пораките на социјалните мрежи.

Психолозите советуваат бар еден час по будењето да не гледате во екранот на вашиот мобилен телефон.

Благодарност

Бидете благодарни за сите работи што ги имате во животот: семејство, пријатели, партнер, здравје, работа што ја сакате... Сигурно можете да додадете уште нешто на списокот. Тоа е добар начин да го започнете денот.

Za podobro zdravje 10 raboti sto treba da gi napravite pred 10 casot 02

Движете се

Не мора да вежбате сериозно, но вежбите за истегнување треба да ви станат дел од утринска рутина. Ова ќе ве разбуди и ќе го подигне вашето енергетското ниво.

Изберете една обврска што ви е најважна тој ден

Ако наутро направите план за да знаете што ви е најважно тој ден, ќе ви биде полесно да ги завршите сите задачи, особено ако прво ги правите „најважните“.

Пуштете си музика

Омилената музика ќе ве расположи.

Здрав појадок

Здравиот појадок ќе го зајакне вашиот метаболизам и ќе ви даде доволно енергија за остатокот од денот.

Za podobro zdravje 10 raboti sto treba da gi napravite pred 10 casot 03

Исчистете го јазикот

Кога ги миете забите, не заборавајте да го исчистите вашиот јазик. На овој начин и здивот ќе ви биде посвеж.

Истуширајте се

Топлата вода ќе ве разбуди и ќе ве освежи, исто така ќе ви ја „активира“ циркулацијата, што поттикнува ослободување на акумулирани токсини.

Насмевнете си се на себе, пред огледало

Оваа ментална вежба ви помага во создавање на позитивен став и јакнење на довербата. Насмејте се на себе и зачекорите во новиот ден.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg