Зошто „се лигавиме“ додека спиеме?

Лигавењето во сонот настанува кога вишокот плунка почнува да излегува од устата, а ова му се има случено на секој.

zoshto-se-ligavime-dodeka-spieme-01.jpg

Сепак, доколку лигавењето во сонот се случува редовно и обилно, тогаш може да станува збор и за некој проблем.

Зошто се лигавиме?

Додека спиеме, нашите мускули, вклучувајќи ги и оние на лицето, се целосно релаксирани. Истото важи и за рефлексот за голтање.

Поради ова, во текот на вечерта може да ви се отвори устата. Бидејќи додека спиеме плунката се таложи во усната празнина, кога ќе ја отворите устата, нормално е дел да излезе надвор.

Претераното лигавење пак, може да биде знак за невролошка болест или поради назална конгестија.

Истовремено, луѓето кои веќе имаат историја со здравствени проблеми, како мозочен удар, настојуваат да се лигават почесто и пообилно.

zoshto-se-ligavime-dodeka-spieme-02.jpg

Како да го намалите или спречите лигавењето?

Исчистете ги синусите

Една од најчестите причини за лигавење во текот на ноќта е затнатиот нос. Во овој случај морате да ја отворите устата за да дишете, па можно е да се излигавите.

Постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да ги исчистите вашите синуси:

- Туширање со жешка вода

- Есенцијални масла, особено оние со еукалиптус

- Продукти за чистење на синусите и носот

Исто така, доколку имате каква било назална инфекција, веднаш третирајте ја.

Променете ја положбата на спиење

Можеби звучи очигледно, но спиењето на грб ќе ви помогне да го намалите лигавењето.

Доколку спиете на страна или на стомак, насобраната плунка најверојатно ќе заврши на вашата перница.

zoshto-se-ligavime-dodeka-spieme-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Колку е опасен убодот од болви + како да го намалите чешањето? Убодот од болви обично не е опасен, но кај некои луѓе може да предизвика алергис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg