Зошто „се лигавиме“ додека спиеме?
Проверете дали имате апнеја
Апнејата е сериозно нарушување каде што дишењето на личноста не е правилно и рамномерно. Ова, пак, го нарушува квалитетот на сонот.
Лигавењето и ’рчењето се главните показатели за апнеја. Доколку имате каков било сомнеж за ова нарушување, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Ослабете
Вишокот килограми можат да имаат лошо влијание и врз вашиот сон. Многу луѓе страдаат од апнеја предизвикана од дебелина.
Помагала
Можете да се консултирате и со вашиот лекар кој ќе ви препорача некакво помагало што ќе го намали лигавењето.
Проверете ги лековите што ги земате
Доколку земате какви било лекови, проверете дали го зголемуваат лачењето на плунка. Некои антибиотици, на пример, е познато дека го имаат овој несакан ефект.
Држете ја главата подигната
Доколку спиете на малку повисока перница, можете да го намалите лигавењето во текот на ноќта.
Размислете за операција
Можно е вашиот лекар да ви препорача да направите операција, но ова е само кога има сериозни невролошки причини зад лигавењето.
Се разбира, ова е последниот чекор и најдобро е прво да ги пробате другите методи.
Спирова С. | Црнобело