Зошто „се лигавиме“ додека спиеме?
Лигавењето во сонот настанува кога вишокот плунка почнува да излегува од устата, а ова му се има случено на секој.
Сепак, доколку лигавењето во сонот се случува редовно и обилно, тогаш може да станува збор и за некој проблем.
Зошто се лигавиме?
Додека спиеме, нашите мускули, вклучувајќи ги и оние на лицето, се целосно релаксирани. Истото важи и за рефлексот за голтање.
Поради ова, во текот на вечерта може да ви се отвори устата. Бидејќи додека спиеме плунката се таложи во усната празнина, кога ќе ја отворите устата, нормално е дел да излезе надвор.
Претераното лигавење пак, може да биде знак за невролошка болест или поради назална конгестија.
Истовремено, луѓето кои веќе имаат историја со здравствени проблеми, како мозочен удар, настојуваат да се лигават почесто и пообилно.
Како да го намалите или спречите лигавењето?
Исчистете ги синусите
Една од најчестите причини за лигавење во текот на ноќта е затнатиот нос. Во овој случај морате да ја отворите устата за да дишете, па можно е да се излигавите.
Постојат неколку трикови што ќе ви помогнат да ги исчистите вашите синуси:
- Туширање со жешка вода
- Есенцијални масла, особено оние со еукалиптус
- Продукти за чистење на синусите и носот
Исто така, доколку имате каква било назална инфекција, веднаш третирајте ја.
Променете ја положбата на спиење
Можеби звучи очигледно, но спиењето на грб ќе ви помогне да го намалите лигавењето.
Доколку спиете на страна или на стомак, насобраната плунка најверојатно ќе заврши на вашата перница.