Секојдневни навики што полека го уништуваат вашето здравје
Знаеме дека пушењето, пиењето алкохол и јадењето брза храна е лошо за нашето здравје. Но дали знаевте дека постојат некои помалку познати навики што постепено го уништуваат вашето здравје?
Погледнете за кои станува збор:
Чување на паричникот во задниот џеб
Седењето врз паричникот, дури и само 15 минути, може да го искриви ’рбетот и да направи промени кај ’рбетните лигаменти. Со текот на времето ова ќе предизвика асиметрија, функционална сколиоза и хронична болка во грбот.
Користење на електронски направи во кревет
Неодамнешните истражувања покажале дека употребата на електронски направи пред спиење ви го скратува сонот и го намалува неговиот квалитет. Истовремено, оваа навика може да предизвика дебелеење и замор во текот на денот.
Миење раце со жешка вода
Бројни истражувања покажале дека топлата и студената вода се исто ефикасни во отстранувањето на бактериите и микробите од нашите раце. За да ги отстранете сите микроби од дланките, ќе треба да се измиете со врела вода. Кога ги миете рацете со топла вода, ја омекнувате кожата и ги правите дланките поподложни на микроби.
Пиење од пластични шишиња
Пластичните шишиња претставуваат закана поради хемикалиите што ги ослободуваат кога се изложени на високи температури. Овие хемикалии ја загадуваат течноста во шишето и можат да предизвикаат разни проблеми со ендокриниот систем.