9 здравствени состојби и проблеми кои можат да предизвикаат прекумерно потење
Во топлите летни денови, потењето е сосема нормална работа. Потењето е всушност механизам за разладување на нашето тело. Но доколку забележите дека се потите прекумерно, дури и кога времето не е толку топло, причината за тоа може да биде нешто друго.
Во продолжение погледнете неколку здравствени проблеми што можат да предизвикаат прекумерно потење.
Фокална хиперхидроза
Хиперхидрозата претставува прекумерно потење и постојат два вида – фокална и генерализирана. Фокалната хиперхидроза е карактеризирана со прекумерно потење на одредени делови од телото, како дланките, стапалата, пазувите или лицето.
Причината за ова нарушување не е целосно позната. Досегашните истражувања покажале дека кај луѓето со хиперхидроза нема промени во потните жлезди, ниту во количеството пот што се лачи.
Па, најверојатно, ова нарушување е генетска дисфункција на нервниот систем што предизвикува потење кога нема потреба од тоа.
Бременост
Во текот на бременоста температурата на телото се зголемува и низ него циркулира повеќе крв, па сосема нормално е да се потите повеќе од вообичаено. Покрај тоа, метаболизмот на бремените се жени забрзува, што е уште една причина за прекумерно потење.
Хиперактивна тироидна жлезда
Ова е нарушување каде што тироидната жлезда е поактивна од вообичаено и лачи повеќе хормони. Кога во телото има премногу од овие хормони, метаболизмот се забрзува, со што доаѓа до прекумерно потење, неправилно чукање на срцето и нагло слабеење.
Исхрана
Ова не е здравствен проблем, но добро е да знаете дека некои прехранбени продукти, како кафе, алкохол или зачинета и лута храна можат да имаат поголемо влијание врз дигестијата, а со тоа да предизвикаат прекумерно потење.
Покрај тоа, кофеинот и алкохолот го стимулираат вашиот нервен систем и го зголемуваат крвниот притисок.
Лекарства
Прекумерното потење може да биде и заради несакан ефект од лекарствата што го искусуваат само околу 1% од луѓето. Наводно, лековите против болка, антибиотиците, хормоните и лековите за ментални нарушувања имаат најголемо влијание врз потењето.