Работи што смеете и не смеете да ги правите за време на циклус – митови и вистини
За време на циклус не смеете да се бањате во топла купка или во базен, мора да јадете одредена храна – што од овие работи е вистина, а што мит?
Менструалниот циклус е тежок период за сите девојки и жени, а за да се олесни, добро е да знаете што треба, а што не треба да правите.
Но, во општеството владеат некои стереотипи за тоа што е дозволено, а што не, па време е да ги разрешите дилемите.
Кои работи се вистина, а кои митови?
Не смеете да се бањате во топла купка – мит
Спротивно на верувањето, не само што не е забрането, туку е и препорачливо за ослободување на грчеви и тензија во мускулите.
Не смее да јадете одредена храна–вистина
Препорачливо е да избегнувате некои намирници за време на циклус за да не ги влошуваат тешките симптоми. Ова се тие:
- Кафе
- Масна и зачинета, лута храна
- Колачи и блага храна
Не смее да вежбате – мит
Физичката активност може да им помогне да се справат со некои непријатности предизвикани од менструацијата, поточно со грчевите. Сепак, треба да се придржувате до полесна активност, а не да практикувате тешки вежби.
Не треба да правите медицински испитувања–точно
За време на менструацијата, составот на крвта на жените минува низ одредени промени, па затоа резултатите на тестовите може да бидат поразлични. Освен ако тестот не го наложува тоа, избегнете да се испитувате во оние денови.
Не може да пливате – мит
Исто како вежбите, така и пливањето може да годи за ослободување од грчевите, но треба да внимавате на хигиената.
Прочитајте повеќе тука - Дали може да се бањате во море и базен за време на циклус?
М. М. | Црнобело