Како да се ослободите од стресот? - 11 научно докажани начини за релаксација
Се чувствувате како да зовривате и на крајот ќе експлодирате од стресот кој се таложи во вас? Не сте единствените.
Дури 75% од населението тврди дека почувствувале барем еден симптом на акутен стрес.
Во стресното и напорно време како денешното потребно е да преземеме чекори со цел да го зачуваме нашето ментално и физичко здравје.
Науката тврди дека постојат 11 докажани начини кои значително го намалуваат стресот:
Џвакајте мастики
Колку и да изгледа смешно и наивно, се докажало дека џвакањето мастики и пукањето балончиња го намалуваат нивото на кортизол во организмот. Вашиот ум се насочува кон џвакање и правење балони од мастики, полека ослободувајќи се од напнатоста.
Опкружете се со растенија
Чувството дека сте во природа носи инстантно задоволство. Дури и минималното присуство на зеленило ќе значи одмор за вашите очи.
Истражувањата докажале дека кога влегувате во соба со растенија, зеленило, цвеќиња, самата глетка и атмосфера придонесуваат за намалување на крвниот притисок и зголемување на продуктивноста.
Воедно, растенијата го зголемуваат и нивото на кислород, што значи дека ви помагаат да дишете полесно.
Искосете го тревникот
Доколку не сте алергични, само помислете на мирисот (и глетката) на свежо искосена трева. Хемикалијата која се ослободува при косењето на тревникот предизвикува среќа и опуштеност кај луѓето.
Воедно, ќе тргнете уште една обврска од списокот и умот.
Слушајте класична музика
Музиката може навистина да ви го подобри денот, но истата има и психолошки ефект кај луѓето: истражувањето потврдило дека класичната музика го намалува крвниот притисок кај луѓето, ја успорува работата на срцето и го намалува нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес.
Бакнувајте се
Бакнежот ослободува окситоцин, а ова го намалува нивото на кортизол во организмот. Што значи дека нема штета од премногу бакнување, особено со вистинската личност. Можете само да се опуштите и да се ослободите од вишокот на стрес.
Ограничете го времето пред екраните
Ова особено важи пред спиење. Поголемиот дел од денот сме „залепени“ за мониторите и екраните. Вештачката светлина го нарушува нивото, односно производството на мелатонин, што значително влијае на квалитетот на сонот.
Истражувањата покажале дека луѓето кои ги користат телефоните доцна во ноќта непосредно пред заспивање имаат поголеми шанси да развијат депресија.
Пијте чај
Само една шолја чај дневно може да го намали нивото на стрес дури за 25%. Одредени чаеви како на пример зелениот, содржат L-танин, кој исто така докажано го намалува стресот.
Дишете во хартиена кеса
И овој совет може да ви звучи по малку смешно, но дишењето во хартиена кеса ќе ви помогне да се смирите. Кога луѓето се премногу нервозни и напнати тие дишат пребрзо, а нивните тела се преполнуваат со кислород.
Дишењето во хартиена кеса во контролирани интервали ја зголемува количината на јаглерод диоксид во телото и помага да се чувствувате подобро.
Јадете чоколадо
Ова веројатно сте го слушнале многу пати, но вреди да се повтори – човекот навистина се чувствува подобро откако ќе изеде мала количина на чоколадо. Макар и само 20 gr дневно ќе ви помогнат да го намалите стресот наталожен во организмот.
Пробајте цитрусни овошја
Доколку сепак не сте љубител на чоколадо, тогаш обидете се со цитрусни овошја. Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц помага во регулирањето на кортизолот и спречува нагли покачувања и падови на крвниот притисок.
Смејте се
Најдете го она што ве прави среќни, односно ве смее. Смеата е најдобриот лек, колку и да ви звучи наивно ова. Физички му помага на телото да се опушти и да ослободи ендорфини, хемикалијата која всушност предизвикува среќа. Значи смеа = среќа, па смејте се што е можно повеќе и почесто, но искрено и од срце.
(О)Милена | Црнобело