Промени во телото кои можеби укажуваат на некој здравствен проблем
Акна што не заздравува
Нормално е одвреме-навреме да ви се појави некоја акна или мозолче. Понекогаш се појавуваат и акни кои траат подолго време и кои можат да ве загрижат.
Најчесто овие акни не укажуваат на сериозен проблем, но понекогаш можат да бидат знак за рак. Доколку сте загрижени, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар, но во никој случај не паничете, бидејќи е сосема нормално тоа да биде само обична акна која потешко заздравува.
Невообичаено растење на влакна кај жени
Доколку одеднаш почнале да ви растат влакна над усните, околу брадата или под папокот, можеби станува збор за полицистични јајници.
Се разбира, не значи дека секое влакно е знак за ваков проблем бидејќи неретко улога има и генетиката. Па, добро погледнете ги фотографиите од вашите роднини и само консултирајте се со лекар.
Болка во прстите
Во некои случаи, зголемената чувствителност на прстите може да биде знак за рак на белите дробови. Кога се развиваат туморите во белите дробови, тие ослободуваат хемикалии кои го стимулираат растот на ткивото под ноктите, што пак може да предизвика болка.
Секако, може воопшто да не се работи за таков проблем, туку за нешто сосема друго, па не си поставувајте сами дијагноза и консултирајте се со лекар за проблемот.
Пожолтување на кожата и белките на очите
Кога има проблеми со црниот дроб, можно е да забележите пожолтување на кожата и белките на очите. Жолтата нијанса на очите е поради хемикалија што се акумулира во крвта.
Темни кругови под очите
Темните кругови под очите најчесто се резултат од лоши животни навики. Доколку не спиете доволно, не се храните здраво и воглавно не се грижите за себе, масното ткиво околу очите се менува, а кожата станува потенка.
Во овој случај би требало да почнете да водите подобра грижа за себе.
Спирова С. | Црнобело