Како природно да се заштитите од сонцето, покрај користење на креми за сончање?
Постојат три начини да се заштитите од сонцето. Првиот е да го избегнувате, вториот е да користите креми за сончање со висок фактор, а третиот е комбинација на природна заштита на кожата, пред сончањето, по сончањето како и правилната исхрана.
Изложување на кожата на сонцето е одреден вид „агресија“. Затоа треба да се потенцира (по којзнае кој пат) дека во текот на летото треба да пиете многу течности и да избегнувате сончање помеѓу 11 и 17 часот, што е особено важно за децата и постарите лица.
Покрај користењето креми со фактор за заштита, важно е да практикувате уште неколку природни начини за подобро да се заштитите од сонцето:
Овошје и зеленчук
Разновидна храна, со посебен акцент на овошјето и зеленчукот, која е богата со антиоксиданти е многу важна.
Најважни за кожата се витамини А, Ц, Е, фитохемикалии - флавоноиди, полифеноли, антоцијани и познатиот бета каротин, кој честопати се препорачува како подготовка за сончање.
Бета каротин
Бета каротин е силен антиоксиданс. Може да се купи како додаток во исхраната во секоја аптека.
Треба да се зема во природна форма, заедно со други каротеноиди (бидејќи е така најефикасен) во доза од 30 милиграми на ден, во тек на 12 недели, за да се постигне значаен ефект за заштита од изгореници и алергии.
Kорисни витамини
Витамините од групата Б, кои се присутни во интегралните житарки, и минералите: цинк, бакар, манган и селен, се клучни за здравјето на кожата.
Треба да се консумираат во свежа форма (малини, боровинки, грозје, капини, цреши, јагоди) или преку природни сокови без адитиви и шеќер.
Ашера | Црнобело