3 опасни типови на вагинален исцедок на кои мора да внимавате
Ако на својата долна облека забележите невообичаен исцедок кој се разликува од нормалниот и почнувате да се загрижувате, добро е да бидете информирани какви типови на вагинални исцедоци се всушност опасни по женското здравје.
Промената на бојата и мирисот најчесто укажуваат на инфекции на вагината или промени кои се предизвикани од хормонски или метаболистички нарушувања.
Зголемениот исцедок кој ја менува својата густина и боја (жолтеникав, зеленкаст, па дури и сивкаст) проследен со промена на мирисот, болки за време на сексуалниот однос, со или без јадеж или црвенило сигнализира вагинална инфекција.
Терапијата е неопходна и најчесто се препишува на двата партнери.
Со соодветно препишана терапија за краток временски период може да решите голем број на проблеми од ваков тип. Но, во ниту еден случај не смеете да ги занемарувате симптомите.
Хроничните бактериски воспаленија на грлото на матката како последица предизвикуваат болки во текот на сексуалниот однос (dyspareunia), зголемен исцедок во облик на сукрвица, отежнато зачнување како и сигурен тек на бременоста или предвремено породување.
Инфекцијата со човечкиот папиломен вирус (HPV — Human Papillomavirus) предизвикува развој на рак на грлото на матката, но истата може да биде проследен и со чувство на јадеж во интимниот дел на жената и појавата на мали или поголеми брадавични израстоци.
На кои 3 типови на опасен вагинален исцедок треба да внимавате?
Густ белузлав или белузлаво-жолтеникав исцедок, кој понекогаш е згрутчен, проследен со чувство на непријатност кое опфаќа чешање и пецкање. Најчесто предизвикува чувство на сувост на вагината и пукање на вагиналната кожа. Причинителот за ова е најчесто габична инфекција.
Сивкаст водлест исцедок е вообичаено често знак на некомплицирана вагинална инфекција т.н. бактериска вагиноза, односно бактериска нерамнотежа на вагината. Најчесто е проследена со чувство на непријатност и зголемено празнење што повремено може да има непријатен мирис предизвикан од бактеријата Gardnerella vaginalis.
Сукрвица која трае подолго од вообичаеното менструално крвавење (до 7-ми ден). Сигнализира хормонални абнормалности што можат да се појават во првата или втората фаза од циклусот.
Предизвикана е од несоодветна хормонална активност (во првата фаза на циклусот, несоодветен раст на јајце клетката и следствено недоволно производство на естроген, а во втората фаза од циклусот недоволно производство на прогестерон, што предизвикува нестабилност на мукозните мембрани и резултира во рани).
Доколку сукрвицата трае подолг временски период, таа може да укажува на посериозни проблеми и неопходно е соодветно и опширно лекување.
Исклучително е важно да се запамети дека секоја вагинална промена што не е вообичаена и во исто време предизвикува чувства на болка и непријатност, бара дополнителна анализа и разговор со вашиот гинеколог.
(О)Милена | Црнобело