Пиете антибиотик на своја рака и уште 9 грешки кои треба да ги избегнувате со лековите

Без разлика дали примате терапија или земате лекови на своја рака, постојат некои нешта на кои морате да обрнете внимание.

piete-antibiotik-na-svoja-raka-i-ushte-9-greshki-koi-treba-da-gi-izbegnuvate-so-lekovite-01.jpg

Грешките во продолжение ги има направено речиси секој, но најдобро е да ги избегнувате. Понекогаш овие грешки можат да ви направат вистинска штета.

Не го читате упатството

Кога станува збор за лекови без рецепт, веројатно мислите дека кај нив нема опасност. Но многу луѓе завршиле на болница поради неодговорно ракување и прекумерно земање на вакви лекови.

Па, секогаш читајте го упатството. Без разлика колку безопасен ви изгледа лекот, добро е да знаете за што точно служи, како треба да го пиете и кои се несаканите ефекти.

Земате седативи кога имате киселини

Некои истражувања покажале дека луѓето кои земаат бензодиазепини имаат 50% поголем ризик од појава на киселини во текот на ноќта. Причината е што овие седативи ги опуштаат мускулите што ги задржуваат киселините во стомакот.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-zemanjeto-lekovi-02.jpg

Земате антидиуретик кога имате температура

Никогаш немојте самите да се лекувате со антидиуретици, особено ако имате висока температура. Исто така обрнете внимание дали во вашата столица има траги од слуз или крв. Ова е знак за инфекција што не смеете да го игнорирате.

Секој ден пиете аспирин без дозвола од лекар

Многу луѓе се навикнати секојдневно да пијат аспирин бидејќи веруваат дека е безопасен. Но, секојдневното земање на овој лек може да предизвика крвавење во желудникот.

Лекарите го препорачуваат овој лек најчесто само кај пациенти со зголемен ризик од срцев или мозочен удар. Секогаш е добро да се консултирате со лекар дури и за најобичен лек.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-zemanjeto-lekovi-03.jpg

Предвреме ја прекинувате терапијата за анксиозност

Доколку подолго време пиете лекови за анксиозност, немојте никако наеднаш да ги прекинувате. За ова секогаш треба да разговарате со вашиот лекар кој ќе ви направи план за одвикнување.

Во спротивно само ќе си ја влошите состојбата и ќе го зголемите ризикот од напади.

Земате антибиотици на своја рака

Најважно е да знаете дека кога лекарот ќе ви препише антибиотици, треба да ги испиете до крај. Покрај тоа, секој антибиотик е за разна инфекција, па немојте никогаш да ги земате на своја рака.

Со ова само им помагате на бактериите да станат отпорни на лекот, па следниот пат потешко ќе се справите со инфекцијата.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-zemanjeto-lekovi-04.jpg

Внимавајте со антипсихотиците

Доколку лекарот ви препише каков било антипсихотик, добро прашајте го зошто треба да го пиете. Доколку немате тешка менталната болест, подобро е да се консултирате и со некој друг лекар.

Пиење калциум на празен желудник

Во повеќето додатоци за исхрана, калциумот се сврзува во вид на сол позната како карбонат. За желудникот да може да ја разгради оваа супстанца, потребно е да го поттикнете лачењето на киселини, а тоа можете да го направите со јадење.

greshki-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-pri-zemanjeto-lekovi-05.jpg

Прекинување на терапијата пред време

Веќе напоменавме дека не треба да ги прекинувате терапиите со антибиотици и лекови за анксиозност пред време или наеднаш. Исто така немојте да ги штедите кремите за кожни болести.

За терапијата да биде ефикасна, следете ги советите на вашиот лекар и пијте ги лековите до крај.

Сами си дијагностицирате габична инфекција

Секоја жена знае дека вагиналниот секрет понекогаш е знак за габична инфекција, но секогаш може да значи и нешто друго. Во едно истражување со 95 жени се покажало дека само третина од нив навистина имале габична инфекција.

Кај останатите станувало збор за други вагинални инфекции. Па доколку забележите какви било пормени во вашиот секрет, најдобро е да одите на гинеколог.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg