И стресот носи позитивни последици – кои се тие?

Постојано слушаме дека стресот може да има навистина негативно и трајно влијание врз врските и здравјето. Па, денес постојат безброј совети за справување со стресот и намалување на неговите последици. Но ако го разгледате подобро, ќе сфатите дека од стресот има и некои придобивки.

koi-se-pridobivkite-od-stresot-01.jpg

Доколку им пријдете свесно, ќе сфатите дека кратките епизоди на стрес можат да бидат моќна алатка за напредување. Размислете за познатите спортисти – тие никогаш не би станале толку успешни доколку не се изложиле на стрес.

Добриот стрес е оној што ви помага да ги постигнете вашите цели. Важно е да знаете дека во овој случај станува збор за умерен и повремен стрес, така што телото има време да се навикне на него.

Исто така важно е после секој стресен период да одвоите време за одмор и закрепнување. Оваа адаптација на стресот е клучна за вистински да ги почувствувате неговите придобивки.

koi-se-pridobivkite-od-stresot-02.jpg

Проблемот со стресот денес е што станува константен, па ефектите стануваат спротивни. Сепак, кога ќе се земе предвид денешниот начин на живот, намалувањето на стресот може да ви изгледа невозможно.

Но кога вистински ќе научите да го контролирате стресот и да го намалите неговото негативно влијание, добрите резултати нема да изостанат.

Придобивки од стресот:

1.  Ако добро им обрнете внимание на луѓето и настаните што ви предизвикуваат стрес и анксиозност ќе сфатите на што треба да поработите. Ова ќе ви помогне да станете подобра личност.

2. Како што физичките вежби ги зајакнуваат вашите мускули, кога ќе научите како да се справувате со стресот ќе ја зголемите вашата отпорност, вашата емоционална интелигенција и ќе го поттикнете вашиот развој.

3. Стресот може да ве натера да најдете покреативни решенија на проблемите за да можете да го надминете тешкиот период.

4. Доколу вашите цели ви предизвикуваат многу стрес и анксиозност, тоа најверојатно е знак дека треба да бидете пореалистични со она што сакате да го постигнете.

5. Кратките епизоди на стрес можат да ве натераат да делувате и да ве мотивираат да ги завршите обврските. Истовремено, стресот им помага на студентите подобро да се подготват за испитите, а може да ви помогне и поефикасно да ги совладате новите вештини.

koi-se-pridobivkite-od-stresot-03.jpg

6. Психолошки, стресот го поттикнува лачењето на кортизол во мозокот, што пак го подобрува фокусот и ја зголемува свесноста.

7. Краткотрајното зголемување на нивото на кортизол во мозокот може да ви ја подобри меморијата и да ви помогне да се справите со заморот.

8. Стресот може да ви ги подобри физичките рефлекси, времето на реакција и издржливоста, благодарение на адреналинот. Ова е особено корисно во спортски натпревари или во напнати и неочекувани ситуации.

9. Стресот може да ве инспирира да прифатите нов предизвик. Исто така ќе ве натера да преземате ризици со кои ќе ги проширите знаењето, самодовербата и вештините.

10. Стресот може да ви покаже на што треба да се фокусирате, а за што нема потреба да се грижите. Ќе ве натера да сфатите дека речиси секој проблем има решение.


Па, наместо да дозволите стресот постојано да владее со вас, вие дозволете си го до толкава мера, што ќе биде доволно само да ги почувствувате неговите придобивки, но не и лошите последици. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вие прашувате, психолог одговара: „Како да разговарам со ќерката која е во пубертет за дрога, секс и... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg