Што се случува со вашето тело кога спиете на отворено?
Поради брзото темпо на живот, денес ретко кој е добро наспан. Сите си легнуваат премногу доцна, а квалитетот на сонот е значително намален. Но, едно истражување покажа дека спиењето во шатор на отворено всушност може да ви помогне да го подобрите квалитетот на сонот.
Луѓето кои спиеле ма отворено, во просек спиеле по 10 часа и си легнувале 2 часа порано за разлика од дома.
Покрај ова, погледнете ги и другите неверојатни работи што ќе се случат со вашето тело доколку спиете надвор:
Изложени сте на природна светлина
Природната светлина може да го поправи вашиот внатрешен часовник. Доколку имате проблеми со несоница, пробајте да спиете надвор, и тоа без да користите технологија.
Се менува нивото на мелатонин
Мелатонинот познат и како хормон за спиење, а според истражувањето, вештачката светлина од телефонот и компјутерот може да го намали неговото ниво.
Спиењето надвор, од друга страна, може да го зголеми нивото на мелатонин, со тоа подобрувајќи го квалитетот на сонот.
Посилен имунитет
Доволно е да поминете само околу 2 часа во шума дневно за да ги почувствувате придобивките од природата. Овде спаѓаат намален крвен притисок, намалено ниво на кортизол, забавен пулс и поголем број на бели крвни зрнца.
Јапонците го опишуваат ова како бања во шума. Покрај тоа, само и една ноќ под отворено небо може да ја зголеми активноста на имунитетот цела недела.
Подобрени телесни и мозочни функции
На мозокот му е потребно многу кислород, па не е тајна дека колку повеќе вдишуваме чист воздух, толку подобро. Спиењето надвор не само што ќе ве опушти туку и ќе ви овозможи многу свеж воздух.
Намален стрес
Според едно истражување, дури и само гледањето во слика од дрво може да го намали нивото на стрес. Доколку, пак, навистина излезете надвор, тоа ќе биде одлично за вашето ментално здравје.
Покрај тоа, звуците на природата се смирувачки за нашиот организам.
Ослободување од застојаниот воздух
Кога минувате многу време во канцеларија или место без добра вентилација, најверојатно нивото на јаглероден диоксид е превисоко. Ова може да ви го „замагли“ мозокот, да ви ја намали продуктивноста и да ви предизвика главоболки.
Спиењето на отворено ќе ви помогне да се ослободите од застојаниот воздух во белите дробови и да се чувствувате подобро.
Спирова С. | Црнобело