7 работи кои хронично болните луѓе не им ги кажуваат на најблиските

„Мојот живот е поинаков од вашите животи, постојано се грижам за своето здравје, имам тон докторски прегледи, а паралелно се трудам да ги исполнам очекувањата што ги имате вие од мене.“

8-raboti-koi-hronichno-bolnite-lugje-ne-im-gi-kazhuvaat-na-najbliskite-01.jpg

„Ако некој ме праша да опишам како е да се има хронична болест, искрено не знам што да кажам“, ја почнува својата исповед една девојка за чија болест нема лек.

Постојано е тука стравот да бидам зависна од други луѓе, желбата да водам нормален живот, иако батериите ми се испразнети, болката за сè што ми се случува и за сите работи што ги пропуштам, како и непредвидливоста што ќе ми донесе болеста наредно.

Постојат многу работи кои ми се вртат во глава, но никогаш не сум им ги кажала на моите најблиски.

Еве што сакам да им кажам на семејството и на пријателите за живеењето со хронична болест:

Мојот живот е поинаков од вашите животи, постојано се грижам за своето здравје, имам тон докторски прегледи, откажани планови, а паралелно се трудам да ги исполнам очекувањата што ги имате вие од мене.

Запомнете, не е фер да имате исти очекувања од мене, како од здрава личност. Да се има хронична болест е да се бориш и справуваш со неа до крајот на животот. Тоа што имам насмевка на лицето, не значи дека не чувствувам тежина и болка.

Ја плаќам цената за секој пат кога ќе се опуштам и забавувам, па така имам грижа на совест секој пат кога јадам нездрава храна со вас или ја трошам енергијата на некоја луда авантура.

Истоштеноста од болеста е поинаква од уморот, здравите луѓе не сфаќаат дека ме исцедува самата помисла секое утро дека сум хронично болна.

8-raboti-koi-hronichno-bolnite-lugje-ne-im-gi-kazhuvaat-na-najbliskite-02.jpg

Ќе живеам со ова до крајот на животот, не постои лек за мојата болест, таа ќе биде тука засекогаш.

Не сакам да звучам како да се жалам, па затоа се обидувам да молчам за моите маки, но се чувствувам комплетно поинаку, отколку пред дијагнозата.

Само сакам признание, сакам да престанете да се однесувате како да не ми е ништо, сакам да признаете дека секој ден ми носи предизвици, да ме ислушате и можеби само да ме прегрнете некогаш кога ќе завршам со исповедта.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg