Секојдневни навики кои го уништуваат женското здравје
7. Го оставате бричот во туш кабината
Оставањето на бричот на влажно место ќе собере бактерии кои при следното бричење само ќе си ги разнесете по телото.
8. Седите со прекрстени нозе
Прекрстените нозе ја нарушуваат правилната циркулација и го уништуваат правилното држење на телото.
9. Нанестувате дезодоранс по бричење
По бричење порите на кожата се отворени, па не е препорачливо да ги полните со хемикалии.
10. Спиете со собрана коса
На овој начин косата ослабува, а воедно и скалпот се оштетува.
11. Ја чешлате косата кога уште е мокра
Природно е да ја избришете косата кога е мокра, но следен пат после бањање избегнувајте да ја чешлате. Мократа коса најлесно се оштетува со чешел.
12. Заборавате да ја промените навлаката за перница
Верувале или не, навлаката за перница треба да ја менувате на 2 до 3 дена, за да не ви избијат акни предизвикани од потта, маслата и бактериите кои секојдневно ги разнесувате по неа.
М. Д. | Црнобело