Секојдневни навики кои го уништуваат женското здравје
Секојдневно правиме еден куп ситници кои свесно или несвесно, негативно влијаат на нашето здравје, па и убавина.
Тоа што користите сув, груб пешкир за да го избришете лицето, тоа што го оставате бричот под туш и што ја чешлате косата додека е уште мокра се само дел од тие негативни навики.
Целосната листа изгледа вака:
1. Постојано имате лак на ноктите
Ако не можете да поминете ден без лак на ноктите, односно секојдневно нанесувате темни и евтини лакови, сами си создавате жолт слој и дамки по површината на ноктите.
2. Користите крпа за да го избришете лицето
Со самото тоа што лицето повеќепати го бришете со една иста крпа, ризикувате да се создадат акни поради бактериите кои се собираат и размножуваат на влажната површина на пешкирот.
Наместо ова, може да користите суви крпчиња од памук за една употреба.
3. Спиете со градник со жици
Тврдиот градник лесно може да предизвика иритации и болка. Добра алтернатива се меките, еластични градници.
4. Користите нечисти четки за шминка
Ова е најлесниот начин на кој ќе ги разнесете сите бактерии по вашето лице, што може да заврши со сериозно инфекции.
5. Јадете повеќе од една лажичка сол на дневно ниво
Консумирањето на повеќе сол од една мала лажичка го намалува крвниот притисок и ја опушта кожата на лицето.
6. Претерано кубење на веѓите
Претерано тенките веѓи може никогаш да не ја вратат својата првобитна форма и густина, односно влакната никогаш да не пораснат.