Не е „модерна, измислена болест“, туку опасна по животот: 3 фази на депресијата
Многу повеќе од краткотрајна тага, многу повеќе од „ништо не ти е, мисли позитивно“ и многу повеќе од нешто што може да се излекува со рака лекови.
Оваа комплексна, ментална болест е стара колку и цивилизацијата, но последниве неколку декади зема сериозен замав помеѓу населението, не бирајќи пол и години.
Како се развива депресијата?
Прва фаза:
Живот пред депресијата
Полн спектар на емоции – среќа, тага, изненаденост, итн.
Систем на верување:
Постојат можности за задоволство во светот, затоа ќе учествувам во работите.
Втора фаза:
Рана депресија
Воглавно негативни емоции–тага, страв, жалење, срам, бескорисност
Систем на верување:
Не можат да ме усреќат работите како претходно, треба да пробам нови работи за да си ја излекувам болката.
Трета фаза:
Целосно развиена депресија
Воглавно отапеност – емоционална исклученост за да се заштити себеси од болката / се десензитивизира кон патењето
Систем на верување:
Морам да хибернирам / да се повлечам / да се изолирам за да се заштитам од болката и да ги заштитам блиските.
Депресијата е ментална болест којашто има шема на појавување како која било друга физичка болест, затоа немојте да судите за неа како да е мрзеливост, слабост или тага.
Ова само ги изолира оние што патат уште повеќе и ја влошува нивната болест. Наместо тоа, бидете сочувствителни. Понудете или побарајте помош, пред да биде премногу доцна.
(О)Милена | Црнобело