Промени на лицето што не би требало да ги игнорирате и причината зад нив
Кожата е најголемиот орган на нашето тело и може најпрво да ги покаже последиците од лошите животни навики. Истовремено, според древната кинеска медицина, состојбата на кожата може да открие и многу здравствени проблеми.
Најчесто промените на кожата се манифестираат на лицето, а секој дел од лицето е поврзан со некој орган. Поради тоа, добро би било да знаете што ги предизвикува промените на кожата на лицето и што треба да промените.
Чело: Мочен меур и црева
Промени: Мозолчиња и мрсна кожа
Доколку забележите дека кожата ви е помрсна од вообичаено и ви се појавуваат мозолчиња, причината најверојатно е консумирање премногу мрсна и преработена храна.
Исто така и претераното консумирање алкохол и шеќер може да предизвика проблеми со варењето што ќе се манифестираат на челото.
Друга честа причина за појава на мозолчиња на челото е и стресот.
Областа помеѓу веѓите: Црн дроб
Промени: Мозолчиња, цисти и мрсна кожа
Мозолчињата помеѓу веѓите најчесто се појавуваат кога има проблем со дигестијата, алергии на некоја храна, како и консумирањето многу црвено месо.
Очи и областа под очите: Бубрези
Промени: Темна кожа, капилари и отоци
Подочниците можат да се појават од пушење, премногу алкохол, лоша циркулација, а понекогаш и поради проблеми со срцето.
Нос: Срце
Промени: Мозолчиња, митесери и мрсна кожа
Мозолчињата и митесерите на носот неретко се појавуваат поради предолг престој во затворена просторија и од загадениот воздух. Исто така можат да бидат знак за лоша циркулација и висок крвен притисок.
Образи: Бели дробови и бубрези
Промени: Бледило, мозолчиња и дамки
Пушењето и стресот можат да предизвикаат бледило и мозолчиња на вашите образи. Исто така причината за нивната појава можат да бидат мрсната и нездрава храна, како и консумирањето премногу шеќер.
Усни и брада: Желудник
Промени: Мозолчиња, темни дамки и бледа кожа
Недостатокот од сон може да предизвика промени на кожата околу усните и брадата. Исто така шеќерот, кофеинот, алкохолот и мрсната храна можат да ја влошат состојбата на кожата.
Спирова С. | Црнобело