Знаци што покажуваат дека не сте само уморни, туку ви недостасува и сон

Како да се справите со недостатокот до сон?

Како што веќе напоменавме, недостатокот од сон може да биде опасен. Без разлика дали причината е несоница или натрупан распоред, морате да се ослободите од оваа состојба. Недостатокот од сон може да го ослаби вашиот имунитет, да има лошо влијание врз вашите емоции, па дури и да предизвика генетски проблеми. За среќа, постојат неколку нешта што можете да ги преземете за да го подобрите квалитетот на вашиот сон и да си ја вратите енергијата.

Добар почеток на денот

За наутро да не се чувствувате ужасно, важно е да си легнете порано. Секоја вечер обидувајте се да спиете барем 7 часа. Наутро немојте да го започнувате денот со огромно калорично кафе. Кафето и шеќерот ќе ви дадат енергија, но тоа ќе трае кратко и после ќе се чувствувате уште полошо. Наместо тоа направете си чај, свежо цеден сок или бескофеинско кафе. Истовремено, немојте уште веднаш да почнувате со работа, туку дајте си време мирно да го започнете денот. Направете си хранлив појадок, читајте нешто, а најдобро е ако можете и да ги избегнувате електронските направи.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-06.jpg

Раздвижете се

Доколку не сте спиеле доволно, сигурно ќе немате енергија за во теретана. Но, обидете се да направите неколку едноставни вежби наутро. Вежбајте јога, пешачете или што било што ќе ве раздвижи. На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата во телото, ќе го „разбудите“ метаболизмот и ќе си го подобрите расположението. Покрај тоа, вечерта ќе бидете поизморени па ќе си легнете порано и ќе заспиете полесно.

Здрава исхрана

Покрај здравиот појадок, во текот на целиот ден обидувајте се да ги избегнувате мрсната и брзата храна. Прејадувањето, особено навечер, речиси сигурно ќе го наруши квалитетот на вашиот сон. Обидете се да консумирате повеќе свежа храна, како овошје и зеленчук, а доколку можете, целосно избегнувајте го јадењето пред спиење. На овој начин телото ќе има време да ја преработи внесената храна пред да си легнете, па во текот на ноќта ќе може да одмори.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-07.jpg

Грижете се за себе

Несоницата неретко е предизвикана од анксиозност, па обидете се да создадете рутина што ќе ви помогне да се смирите навечер. Медитацијата е одличен начин да го постигнете ова, а можете да пробате и чај од лаванда, или да испиете шолја топло млеко со цимет. Доколку сепак сметате дека проблемот е посериозен, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg