Знаци што покажуваат дека не сте само уморни, туку ви недостасува и сон
Како да се справите со недостатокот до сон?
Како што веќе напоменавме, недостатокот од сон може да биде опасен. Без разлика дали причината е несоница или натрупан распоред, морате да се ослободите од оваа состојба. Недостатокот од сон може да го ослаби вашиот имунитет, да има лошо влијание врз вашите емоции, па дури и да предизвика генетски проблеми. За среќа, постојат неколку нешта што можете да ги преземете за да го подобрите квалитетот на вашиот сон и да си ја вратите енергијата.
Добар почеток на денот
За наутро да не се чувствувате ужасно, важно е да си легнете порано. Секоја вечер обидувајте се да спиете барем 7 часа. Наутро немојте да го започнувате денот со огромно калорично кафе. Кафето и шеќерот ќе ви дадат енергија, но тоа ќе трае кратко и после ќе се чувствувате уште полошо. Наместо тоа направете си чај, свежо цеден сок или бескофеинско кафе. Истовремено, немојте уште веднаш да почнувате со работа, туку дајте си време мирно да го започнете денот. Направете си хранлив појадок, читајте нешто, а најдобро е ако можете и да ги избегнувате електронските направи.
Раздвижете се
Доколку не сте спиеле доволно, сигурно ќе немате енергија за во теретана. Но, обидете се да направите неколку едноставни вежби наутро. Вежбајте јога, пешачете или што било што ќе ве раздвижи. На овој начин ќе ја подобрите циркулацијата во телото, ќе го „разбудите“ метаболизмот и ќе си го подобрите расположението. Покрај тоа, вечерта ќе бидете поизморени па ќе си легнете порано и ќе заспиете полесно.
Здрава исхрана
Покрај здравиот појадок, во текот на целиот ден обидувајте се да ги избегнувате мрсната и брзата храна. Прејадувањето, особено навечер, речиси сигурно ќе го наруши квалитетот на вашиот сон. Обидете се да консумирате повеќе свежа храна, како овошје и зеленчук, а доколку можете, целосно избегнувајте го јадењето пред спиење. На овој начин телото ќе има време да ја преработи внесената храна пред да си легнете, па во текот на ноќта ќе може да одмори.
Грижете се за себе
Несоницата неретко е предизвикана од анксиозност, па обидете се да создадете рутина што ќе ви помогне да се смирите навечер. Медитацијата е одличен начин да го постигнете ова, а можете да пробате и чај од лаванда, или да испиете шолја топло млеко со цимет. Доколку сепак сметате дека проблемот е посериозен, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
Спирова С. | Црнобело