Знаци што покажуваат дека не сте само уморни, туку ви недостасува и сон

На секој му се случило да му се преспие на работа, но симптомите од недостатокот од сон се сосема друг проблем. Најчесто овие симптоми се многу поинтензивни од вообичаениот замор, а можат да предизвикаат цел низа здравствени проблеми.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-01.jpg

Важно е да знаете дека попладне е нормално да се чувствувате малку поспани. Понекогаш причината е замор од работа, недостаток од кофеин или здодевност.

Но, доколку не спиете доволно, покрај останатото, ќе чувствувате и други симптоми. За навреме да го откриете проблемот, обрнете внимание на следниве знаци.

„Микро спиење“

Неретко недостатокот од сон може дa предизвика таканаречено микро спиење. Односно, може да се случи на неколку минути вистински да заспиете и да не се ни сеќавате на тоа. Проблемот е што може воопшто да не забележите дека ви се случува ова. Очигледно, ова микро спиење може да биде навистина опасно, особено ако се случи доколку возите.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-02.jpg

Вниманието ви е невообичаено зголемено

Кога сте само уморни, вашиот фокус не е во најдобра форма. Но доколку сте спиеле многу малку, а забележите дека се чувствувате навистина будно, можеби постои проблем. Причината е што недостатокот од сон ги активира хормоните како адреналин и кортизол, кои пак го зголемуваат вашето внимание. Па доколку имате повеќе енергија од вообичаено, дури и кога сте спиеле малку, страдате од недостаток од сон.

Лекови

Несаканите ефекти од некои лекови се замор и поспаност. Најчесто овде спаѓаат лекарствата против алергии, гадење, антидепресиви и слично. Но доколку не земате лекови а се чувствувате навистина уморно, можеби треба да спиете повеќе.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-03.jpg

Здодевност

Дури и ако добро сте се наспале, здодевноста може да ве направи поспани. Во овој случај можете да ја промените рутината или да си најдете некаква занимација. Но доколку имате работа и вниманието ви е насочено кон нешто, а сепак не можете да се фокусирате, проблемот е недостаток од сон.

Менструација

Бременоста, ПМС, менструацијата и менопаузата предизвикуваат хормонални проблеми кои неретко резултираат со замор и поспаност, а ова е сосема нормално. Но доколку не сте во таква состојба или во тој период од месецот, причината за заморот е недостатокот од сон.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-04.jpg

Несреќи

Доколку забележите дека постојано се сопнувате, ви паѓаат работи од рацете и слично, размислете дали спиете доволно. Дури и ако не се чувствувате поспано а забележите дека ви се случуваат мали несреќи, можеби страдате од недостаток од сон.

Откажување од кофеин

Ако долго време пиете кафе и решите да го оставите, едно од нештата што ќе ги почувствувате е зголемен замор. Ова е нормално додека вашиот систем целосно се ослободи од кофеинот и неговото влијание. Но ако дури ни кафето не ви помага да се расоните, тогаш се соочувате со недостаток од спиење.

znaci-shto-pokazhuvaat-deka-ne-ste-samo-umorni-tuku-vi-nedostasuva-i-son-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg